29 Април, 2024
0.0247

Холивуд во дилема: „Ајде едноставно да ги откажеме доделувањата на Оскарите“

Објавено во: Стил 03 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Холивуд е во дилема што ќе биде со наредното доделување на Оскарите. Ако церемонијата продолжи по план, апсолутно секој нејзин детаљ ќе не потсетува на Харви Вајнштајн и скандалот кој ја обележа 2017 та.

Новинар на „Њујорк пост“ Кајли Смит напишал колумна во која сугерира дека доделувањето на Оскарите би требало да се укине, како и дека Холивуд ќе покаже вистинско каење ако се откаже од нешто што најмногу го боли. И како воопшто после се би можело да изгледа доделувањето на Оскарите закажано за 4 март?

„Секое појавување на детски ѕвезди ќе ве натера да размислувате за обвинувањата за педофилија, Квентин Тарантино, Мет Дајмон, Џорџ Клуни и многу други се загрижени за своите кариери бидејќи претходно не проговориле за сексуалниот предатор и наводен силувач Харви Вајнштајн со кој и сами соработувале. Секоја жена која излезе да држи говор ќе смета дека мора да зборува за неправда во индустријата, а сите со сомневање ќе гледаат во оние на кои ова нема да им биде тема за говор.


Повеќе читајте на Женски магазин, тука.