07 Мај, 2024
0.0229

Хорват целосно се ребрендираше во Армор Плус со меѓународни амбиции

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Хорват ДОО, добро познатата компанија за против пожарни услуги и производи за заштитна опрема го комплетираше своето целосно ребрендирање. Компанијата го презентираше своето ново име ARMOR+ под кое остануваат истите стандарди на квалитет во работењето.

АРМОРПЛУС ДОО е новото име на веќе познатата компанијата ХОРВАТ ДОО. Од декември годинава, компанијата се претставува во јавноста со ново име и ново лого, а од 26 декември промената на името ќе биде внесена и во Централен Регистар на РМ, со што официјално процесот на ребрендирање ќе биде комплетиран, а Арморплус ДОО ќе започне со работење под ново име. Целта позади оваа промена е компанијата да изгради меѓународно силен и препознатлив бренд во името на ARMOR+.

Компанијата е присутна на пазарот за лични заштитни средства како производител, увозник и дистрибутер од 2002 година и како таква ги дефинира стандардите на работење. Во текот на 2010 година станува членка на PASTOR GROUP од Хрватска и со тоа отвора уште една нова перспектива во областа  на противпожарните услуги и производи, опрема и решенија за зголемена сигурност,спасување живот, имот и околина.

Во нејзиниот домен на работење покрива разновидни сегменти и програмикако лични заштитни средства, противпожарни апарати, комплетна понуда на противпожарна опрема, специјални програми, сервис, едукација и контролно испитување на опрема. Сите колекции на ARMOR+ се изработени и сертифицирани согласно на европски стандард и директива. Компанијата вложува и континуирана работа во поглед на едукацијата на своите вработени и клиентите во сите области, во форма на семинари, саеми,обуки, презентации и консултации за потребите на купувачите.

Покривајќи ги сиве овие програми, вопотрага по колекција за современа и модерна работна облекае создаден иосновниот бренд ARMOR +, кој е инспириран од современиот начин на живот и менување на условите за заштита при работа.

Покрај своето ребрендирање, ARMOR+, како општествено одговорна компанија, ја презентира и иницијативата за соработка со Здружението за хумано - општествен развој Проект Среќа” Скопје во општествено одговорниот и хуман проект Музика за душа”. Имено, компанијата ќе одвојува парични средства во вредност од 1 евро од секоја своја стварена продажба од колекциите на работна облека од брендот ARMOR +кои ќе бидат наменети за изградба и опремување на музичката просторија во детскиот дом за деца без родители „11 Октомври” Скопје.

Со ова, компанијата ARMOR+ го заокружува процесот на свое целосно ребрендирање, по кое продолжува да работи со истите високо поставени стандарди на работење. Во ново име, продолжува со стимулирањето за користење на лични заштитни средства при работа, кое отсега ќе резултира и во финансиска помош за најранливите категории во општеството.

Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“