Хрватите „фатени во тесно“: На плажа и во хотели ќе ве служат Македонци
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2019
Преку 17 илјади странски работници ангажирала Хрватска во туризмот.
Работната сила која претежно е ангажирана во таа земја на Балканот се Босанци, Македонци и Сиријци.
Хрватската влада неодамна морашае да попушти пред притисоците на угостителите и ги зголеми квотите за туризам и угостителство за 2000 рабоптници и тоа од 10 611 на 12 611 со можност за работа но уште илјадници работници.
Хрватска има најголема стапка на ДДВ за подготовка и послужување на храна на Средоземјето и една од највисоките стапки во Европската унија.
Угостителите во однос на овие прашања за сезонските работници , рекле дека сакаат домашна работна сила но проблемот, како што истакнуваат е дека едноставно ја нема.
Угостителите бараат даночно олеснување како би можеле да даваат подобри плати и така да ги привлечат хрватските работници кои отишле во странство во Хрватска, наведуваат, нема работници.
Иако владата редовно се повикува на тоа дека во Хрватскиот завод за вработување има илјадници готвачи, келнери и собарки, угостителите се прашуваат каде се тие луѓе бидејќи не им се јавуваат на огласите за работа.