ХРВАТКА ВО МИЛАНО: Ние во многу работи сме Америка за Италијанците
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2017
Ние во многу работи сме Америка за Италијанците, вели хрватската адвокатна Наташа М.С. која живее во Милано.
Ова мислење за Италија го има откако живее таму. Вели дека Хрватска за разлика од Италија има чисти и опремени болници.
Таа вели дека во животот ништо не е црно-бело, но дека во Хрватска поради синдром на јахти и контејнери исчезнува средната класа.
Академик Иван Цифриќ вели дека институциите немаат решение за проблемите на заедницата.
Тој вели дека системот на вредности е пореметен и оние кои вредат се на дното.
Додава дека се форсира брз успех и голема заработка со која може да се купи вила на море или Мерцедес.
Според него, работна етика не постои и нема сигурност.
Горан Селанец, заменик правобранител вели дека во државниот апарат се вреднува верноста на партијата, а не стручноста.