04 Мај, 2024
0.0271

Хрватска и Србија влегуваат во диломатска војна?

Објавено во: Балкан 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Хрватска и Србија може да влезат во дипломатска војна.

Медиумите во Хрватска вчера пишуваа за вакво сценарио, затоа што на вчерашната седница на Владата на Србија требаше да бидат донесени контрамерки поради забраната на влез на српскиот министер за одбрана Александар Вулин во Хрватска. Весникот „Вечерњи лист“ објави текст во кој се наведува дека Србија во последните неколку дена, по јавувањето на аферата „Вулин“, се потврди како фактор на проблеми на југоистокот на Европа. Тоа што е позитивно во најновото „заладување“ на односите меѓу двете соседни земји е што нема да дојде до прекин на економските и трговските односи, кои сѐ повеќе се подобруваат.

Доколку српската Влада остане на најавите за прогласување некој хрватски министер за непожелна личност, тогаш хрватската Влада ќе го повлече својот амбасадор од Белград на консултации.

Како „непожелни“ лица се споменуваат министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крсичевиќ, и министерот за воени ветерани, Тома Медвед. Со ова би се израмниле сметките за забрана на влез на српскиот министер Александар Вулин поради неговите изјави во пресрет на одбележувањето на комеморацијата во логорот Јасеновац.

Најновото заладување на односите меѓу Хрватска и Србија е продолжување на тоа што се случуваше при посетата на претседателот на хрватскиот сабор на Белград. Притоа, пратеникот во српското собрание лидерот на радикалите, Војислав Шешељ го газеше знамето на Хрватска и ја навредуваше и пцуеше хрватската делегација. Потоа следуваше изјавата на Вулин дека за неговата посета на Јасеновац може да одлучува само врховниот командант на Војската на Република Србија, Александар Вучиќ, а никако не можат за тоа да одлучуваат хрватските министри. Оваа изјава од Министерството за надворешни работи на Хрватска беше оценета како непримерна и неприфатлива и претставува обид за негирање на суверенитетот на Република Хрватска. 

На самитот кој денеска се одржува во Скопје, Вучиќ и хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ ладно се поздравија. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот