05 Мај, 2024
0.0236

ХРВАТСКА ЌЕ ОБЈАВИ НОВИ РЕСТРИКЦИИ - пропусници за движење меѓу жупаниите, на Црквата, сепак, и се попушта за Бадник и Божик

Објавено во: Балкан 18 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во 11 часот, Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска, ќе објави нови, уште построги мерки на прес-конференција.

Како што објави Индекс.хр, меѓу новите ограничувачки мерки е забраната за движење меѓу окрузите, но и забраната за собирање луѓе од повеќе од две домаќинства.

Исто така, се враќаат и пропусниците, според многу построг модел од оној од пролетта, а новите строги мерки ќе важат од 22 декември до 8 јануари.

Сите сегашни мерки се продолжуваат, па кафулињата и рестораните остануваат затворени се до ново известување.

Овој пат, движењето меѓу жупите, односно окрузите, ќе им биде дозволено првенствено на вработените во службите на кои навистина им треба, и тоа во некои исклучителни случаи.

Преминувањто ќе биде возможно за полицијата, пожарникарите, медицинските работници и другите служби за итни случаи. Тие ќе можат да ги преминува границите на округот без пропусници, само со нивните документи за идентификција. Службите за снабдување исто така ќе можат да ги поминуваат полициски контролни пунктови меѓу окрузите, но со валиден доказ. Компаниите веќе нема да можат масовно да добиваат пропусници, тие ќе се издаваат само во исклучителни случаи, за вработените кои не можат да работат од дома.

Граѓаните ќе можат да бараат издавање на пропусници преку системот за е-пропусници. За повеќето пропусници ќе одлучува седиштето на округот, но во случаи на посебни околности, деловни или приватни, одлуката ќе ја донесе Дирекцијата за цивилна заштита.

Личните случаи за патувања генерално нема да бидат дозволени, со исклучок, на пример, на посета на лекар. Можно е да се издадат пропусници и во други ретки исклучителни случаи, за кои ќе одлучува Дирекцијата за цивилна заштита. Пропусници сепак ќе можат да ги добијат оние што претходно резервирале сместување, на пример во хотели, и покрај претходниот предлог ова да не биде валидна причина за издавање на пропусница.

Загреб и Загребската жупанија ќе бидат една единица и таму ќе биде можно да се помине без ограничувања. 

Како што дознава Индекс, Главниот кризен штаб сепак одлучил да и излее во пресрет на Црквата за Бадник и Божиќ, односно да се зголеми бројот на верници на мисите во поголемите цркви, или да се одреди според квадратурата на црквата. За тие два дена, наместо лимитот од 25 лица, без оглед на големината на црквата, ќе важи правилото една личност да биде на седум квадратни метри во црквата. На 26 декември, границата од 25 лица се враќа без оглед на големината на црквата.

Правилото една личност на седум метри ќе важи и за театри, кина, галерии и други места што спаѓаат во доменот на културата. Тие остануваат отворени. Фризерски и други салони остануваат отворени.

Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница