ХРВАТСКА: Учесници на маскенбал запалија кукли со ликовите на Путин и Вучиќ
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2024
Во Каштела во Сплитско-далматинската жупанија во Хрватска, вчера учесниците на маскенбалот по парадата запалија кукли со ликовите на претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.
На 211-от карневал во Каштела за сите минатогодишни неволји се обвинети српскиот и рускиот претседател, а учесниците палеле фигури со нивните ликови. Веста ја пренесоа хрватските медиуми. Односите меѓу Хрватска и Србија повремено се затегнати.