Добивај вести на Viber
Го нарекуваат Венеција кај Градишка, хрватско село се поплавува најмалку два пати годишно.
Во селото Орубица по течението на реката Сава, живеат 12 жители во 8 домаќинства иако два пати годишно имаат поплави. Од цивилна заштита во општина Градишка, велат дека во 70-те години повеќето жители на ова село се иселиле. По војната се вратиле во своите куќи, затоа што тука имаат плодна почва. Секоја куќа поседува моторен чамец. На 3 км од селото се наоѓа одбранбен насип, а претходно поплавите биле честа појава. При градење на куќите луѓето внимавале да ги градат така што водата нема да може лесно да им влезе внатре. Мештаните на таков начин се обезбедени при поплави, храна имаат, единствено им недостига вода кога ќе им се поплават бунарите.
Последните неколку дена водостојот на реката бил 7.8 метри и мештаните со чамци се движеле низ селото, затоа што се навикнати така да се снаоѓаат и за нив тоа не е невообичаено.