15 Мај, 2024
0.0256

Huawei го задржува своето водство пред Apple во третиот квартал од 2018 година

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Според најновите податоци на IDC, Huawei не само што продолжува да ја надминува глобалната понуда на Apple, туку исто така бележи пораст од 32,9 отсто во однос на Q3 во 2017 година во услови на глобален пад на пазарот од 6 отсто

По вториот квартал од 2018 година, Huawei повторно забележа подобри резултати од својот конкурент.

Според IDC, глобалниот пазар на паметни телефони е намален за 6% во Q3/2018 во споредба со Q3/2017 година. Сите производители вкупно испорачале 355,2 милиони единици во последниот квартал, во споредба со 377,8 милиони во истиот период минатата година. Наспроти ова, продажбата на Huawei енормно се зголеми, испорачувајќи 52 милиони единици во третиот квартал од 2018 година, што е повеќе за 32,9 отсто за истиот период од минатата година.

Во однос на уделот на пазарот, Huawei поседува 14,6% на глобално ниво, што е за 4,2 процентни поени повеќе од истиот период во 2017 година (10,4%) и 1,4 процентни поени повеќе од актуелниот удел на Apple.

Според експертите на IDC, ако Huawei продолжи да се развива со истото темпо, компанијата не само што ќе се зацврсти на втората позиција кај производителите, туку нема да помине многу време пред да посегне кон првото место. Моделите P20 и P20 Pro продолжуваат да бидат едни од најбараните на пазарот, додека новата флагманска серија Mate 20, која излезе на пазарот пред помалку од еден месец, целосно ја оправда титулата "најочекуваните паметни телефони за 2018 година ", а исто така има и големи пазарни резултати кои ќе се зголемат во наредните месеци.

"Трката за лидерската позиција на пазарот за паметни телефони продолжува да биде многу контроверзна откако Huawei повторно го надмина Apple", изјави менаџерот на IDC, Ентони Скарсела.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти