Хутите почнаа голема операција против саудиските сили
Објавено во: Свет 28 Септември, 2019
Хутите нападнаа во Саудиска Арабија, при што заробиле и убиле „високи саудиски офицери“.
Тие заплениле оружје и оклопни возила.
Хутите почнаа голема операција против саудиските сили во близина на јужниот регион Наџран, каде што заробија или убија голем број војници, изјави нивниот портпарол.
Наводните загуби им се нанесени на Саудијците за време на операцијата наречена „Победа од Алах“, која почнала пред два дена, тврдат Хутите.
Ријад допрва треба да го потврди или да го негира ова.