06 Мај, 2024
0.0261

И човекот кој стои зад успехот на „Гоце Делчев – Тиквеш“ осомничен во новата истрага на СЈО

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ристо Милев може да се каже дека е човекот кој стои зад сите успеси на „Гоце Делчев – Тиквеш“, најголемиот производител на грозје на Балканкот. 

Човекот кој буквално го познава секое ливче и зрно грозје распоредени на плантажите од 820 хектари распоредени ширум Тиквешијата, кој учествувал во носењето на голем број сортите и клонови од сорти кои денес се присутни во Македонија се најде под лупа на специјалното јавно обвинителство.

Според денешната ново соопштена истрага на СЈО Милев е дел од „Поштенска банка“ финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.

Милев е најголемиот акционер на земјоделскиот комбинат „Гоце Делчев Тиквеш“ од Кавадарци и тој поседува над 58 отсто од акциите и може да одлучува за најголем дел од прашањата кои се однесуваат на работењето на друштвото. 


Што се поседува „ГД Тиквеш“?

Основна дејност на ГД-ТИКВЕШ АД Кавадарци е земјоделско производство. Вкупната површина на која друштвото го врши своето производство е 1.042 хектари. Основни производи се винско грозје на површина од 555 хектари и асталско грозје на површина од 250 хектари. Винското грозје е застапено со 69 отсто, а асталското со 31 отсто. Продажбата на своите производи ГД-ТИКВЕШ во последните неколку години ја остварува на домашниот пазар, а од другите држави продажба се остварува во Република Србија и во Белорусија. Споредни дејности се одгледување на житни култури, фуражни култури и овоштарство од кое на површина од 38 хектари е застапен насад со праски.

Во последнава година се истргувани само 72 акции на оваа компанија. Тие се тргувани по цена од 153 денари за акција. 

Приходи поголеми од 4 милиони евра и добивка од скоро 300 000 евра забележал лани земјоделскиот комбинат „Гоце Делчев Тиквеш“ од Кавадарци .


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години