05 Мај, 2024
0.0289

И ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ДОЦНИ НА РАБОТА, автобусите на ЈСП остануваат паркирани, вработените штрајкуваат

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Вработените од Јавното сообраќајно претпријатие денеска штрајкуваат поради доцнење на платата. И покрај „тематската“ седница во градското собрание во текот на вчерашниот ден, платата на вработените не им беше исплатена, поради што одлуката за штрајк останува. 

Како што информираат од Сојузот на Синдикатите на Македонија, ова морало да се случи за да разберат надележните дека проблемот со платите мора да се реши. 

Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има. Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз. Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања - посочуваат синдикалните претставници.

„Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП“, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.

Синдикалците од јавното претпријатие кои присуствуваа на вонредната седница на Советот на Град Скопје, истакнаа дека советниците и градоначалничката си тераат политика, а не разговараат за нивниот проблем. 


На жителите на главниот град единствена опција од јавниот превоз за денеска им остануваат автобусите на приватните превозници. 

Ова неминовно ќе води до нови гужви во автобусите, но и гужви во сообраќајот од возила кои ќе брзаат на работа или да ги однесат своите деца во училиште.

Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско