И ОВА СЕ СЛУЧУВА НА БАЛКАНОТ: Работници добиле бонус од 400.000 евра
Објавено во: Финансии 07 Септември, 2018
Вработени во еден црногорски хотел биле изненадени кога им легнала на сметка августовска плата, затоа што имале и бонус.
Одборот на директори го одобрил предлогот на акционерите да им се даде награда од 400.000 евра на вработените.
На овој начин сакаат да им се заблагодарат на работниците затоа што придонеле во работата.
Иако многу е инвестирано во хотелот ’Maestral‘ велат дека најважни им се работниците.
Со нивна помош успеале да стигнат до посакуваните финансиски резултати.