11 Март, 2025
0.0266

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Сè повеќе Европејци продолжуваат да работат и по пензионирањето. 

Анкетата направена во Европската Унија(ЕУ) во 2024 година, покажува дека повеќето луѓе во Европската Унија не работеле (22,4 отсто) или престанале да работат (64,7 отсто) во рок од шест месеци по добивањето на старосната пензија. Но, 13 отсто од анкетираните продолжиле да работат.

Највисок процент на луѓе кои продолжиле да работат има во балтичките земји: Естонија (54,9 отсто), Латвија (44,2 отсто) и Литванија (43,7 отсто). Најмалиот процент е во Романија (1,7 отсто), Грција (4,2 отсто) и Шпанија (4,9 отсто).

Половина од оние кои продолжиле со работа изјавиле дека уживаат во неа, додека другата половина продолжила поради финансиска потреба. 

Во земји како Данска, Холандија и Италија, поголемиот процент на луѓе продолжуваат да работат затоа што уживаат во тоа. Поради финансиски причини работат пензионерите во Кипар, Романија и Бугарија. 

Од оние кои продолжиле да работат, половина не промениле ништо во работните услови, а другата половина направила промени, како што се менување на работното место, намалување на работните часови или започнување со втора работа додека ја прекинале првата.

И на Балканот дел од пензионерите работат поради мали пензии. Во Хрватска имаше поплаки дека пензиите се мали и луѓето мораат да работат. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПРОФЕСИЈАТА Е ДЕЛ ОД НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ: На кој начин работата го оформува карактерот на една личност?

ПРОФЕСИЈАТА Е ДЕЛ ОД НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ: На кој начин работата го оформува карактерот на една личност?

ЗА КОЈА ВОДА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАТИЈА 7 МИЛИОНИ ЕВРА? Се бара и пие од 1968 година до сега!

ЗА КОЈА ВОДА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАТИЈА 7 МИЛИОНИ ЕВРА? Се бара и пие од 1968 година до сега!

Божиновска и македонска делегација во Тушимице: Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани?

Божиновска и македонска делегација во Тушимице: Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани?

ЖИТО, ШЕЌЕР, МЛЕКО: Која храна поскапе во светски рамки?

ЖИТО, ШЕЌЕР, МЛЕКО: Која храна поскапе во светски рамки?

ЧЕТИРИ ГРУПАЦИИ ВО ИГРА ЗА КУПУВАЊЕ НА TIKTOK: Голема неизвесност за кинеската компанија

ЧЕТИРИ ГРУПАЦИИ ВО ИГРА ЗА КУПУВАЊЕ НА TIKTOK: Голема неизвесност за кинеската компанија

БИКОТ ГИ СПУШТИ РОГОВИТЕ: Волстрит паѓа, кинеската берза бележи историски успех

БИКОТ ГИ СПУШТИ РОГОВИТЕ: Волстрит паѓа, кинеската берза бележи историски успех

Трендафилов: ВМРО-ДПМНЕ сака „да ми ја скине главата“

Трендафилов: ВМРО-ДПМНЕ сака „да ми ја скине главата“

Сигурна во секој чекор – Халк Осигурување со поддршка на сигурноста и стабилноста на жените

Сигурна во секој чекор – Халк Осигурување со поддршка на сигурноста и стабилноста на жените

РЕГУЛАТОРНА СО ВАЖНА ВЕСТ: Се менува цената на горивата

РЕГУЛАТОРНА СО ВАЖНА ВЕСТ: Се менува цената на горивата