20 Декември, 2025
0.0683

ИМОТЕН ЛИСТ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАДИ И ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ - министерот Андоновски најавува забрзана дигитализацијата на јавните услуги, ќе има новини и за медиумите

Објавено во: Македонија 09 Март, 2025 21:10

Добивај вести на Viber

Најдоцна до јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија, која што се базира на четири клучни столба. Првиот е поврзливост или инфраструктура, вториот се услугите или дигитална трансформација и на бизнис секторот и на јавните услуги, третиот се новите технологии и вештачката интелегенција и четвртиот е дигиталните вештини за граѓаните и за вработените во јавниот сектор, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

- Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја поткренеме свесноста дека постојат вакви електронски услуги и секако паралелно со тоа да одиме со оние институции коишто се најподготвени за брза дигитализација на нивните услуги - рече Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

Министерот посочи на соработката со Агенцијата за катастар. Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.

- Што значи практично дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги, рече министерот. 

Со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.

- Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат, рече Андоновски. 

Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите. 

- Медиуми што имаат импресум, објавен уредник, најмалку тројца вработени и се регистрираат во регистарот којшто ќе го води АВМУ ќе можат да ги уживаат сите права и дома и меѓународно како препознаен медиум. Ова е барање и од ЕУ и наша желба да поставиме определена граница за тоа кој ги информира граѓаните, на кого може да му се верува, а не се оние коишто тоа го прават аматерски или, пак, тоа го прават со злонамера, сакаат да ги злоупотребат граѓаните и да пласираат дезинформации - рече Андоновски.

Министерот посочи и дека сите оние кои што сакаат да продолжат да работат без тројца вработени или не сакаат да се регистрираат во АВМУ, можат да продолжат да работат, нема да имаат никаква пречка за тоа.

- Но, медиумите кои сакаат да се препознаат и да кажат во странство, особено да членуваат во здруженија и.т.н и сакаат да кажат дека се препознаени како онлајн медиуми, треба да им ја дадеме таа можност - рече Андоновски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки