И по три дена, редиците во Lidl во Србија остануваат 30 метри
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2018
Метежот во Lidl маркетите низ Србија не се намали дури и денес, на третиот ден од отворањето, а трпеливо се чека во колона од 30 метри за да се дојде на ред до касата, за што е потребно околу еден час.
На одредени снимки на денот на отворањето на маркетите низ Србија можеше да се видат сцени за турканици и кошкање за да се купат поевтини производи..
Ланецот маркети нуди 1.500 производи во своите16 маркети Србија, од кои 350 се домашни производители.
Најбараните производи на првиот ден од отворањето биле пилешкото по цена од 120 динари за килограм и бананите со цена од 59 динари.