05 Мај, 2024
0.1102

Поранешниот гигант Зоил Македонија под капата на Виена Иншуренс Груп со драстично послаби резултати во првото полугодие

И приходите и добивката на Осигурување Македонија - Виена Иншуренс груп со голем пад

Објавено во: Економија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Осигурителната компанија Осигурување Македонија АД Скопје дел од Виена Иншуренс групацијата за половина година има пад на вкупните приходи во однос на првите шест месеци од 2016, а со тоа и намалена добивка пред оданочување. Послабите резултати во првото полугодие се должат на неколку факти кои ќе ви ги претставиме во продолжение. 

Осигурување Македонија АД Скопје Виена Иншуренс груп во првото полугодие од 2017 има остварено за   373 илјади евра помалку приходи од работењето.  Најголем пад има кај приходите од бруто полисирана премија за осигурување кои изнесуваа за 1 милион евра помалку во однос на истиот период лани, додека пак крајната неоданочена добивка е помала за 536 илјади евра.


- Приходите од вложување бележат намалување во однос на 2016 од 9,3% најмногу заради намалените каматни стапки на депозитите, како и намалениот принос на државните хартии од вредност, објаснуваат од Осигурување Македонија АД Скопје Виена Иншуренс груп.

Вкупните приходи од работењето на Осигурување Македонија Виена Иншуренс груп за периодот јануари-јуни 2017 изнесуваат 6,4 милиони евра. Нето заработката од премија достигнала 4,5 милиони евра. Вкупните трошоци на Осигурување Македонија Виена Иншуренс груп во ова полугодие се зголемени за 1,6% во однос на истиот период лани и достигнале сума од 5,8 милиони денари.

- Со оглед на фактот дека намалувањата на премијата се најмногу во класите на осигурување кои се со повисок однос на штети во однос на премијата, во втората половина на годината не очекуваме некои големи отстапувања во однос на планираниот резултат во однос на остварувањето на добивката, велат од АД Осигурување Македонија во коментарот објавен на Македонска берза.

Добивката на Осигурување Македонија Виена Иншуренс груп пред оданочување изнесува 673 илјади евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години