И Расел Кроу се надева дека договорот за името ќе успее
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2018
Холивудската ѕвезда Расел Кроу вели дека ги сака Грција и Македонија и се надева дека ќе успее договорот.
54-годишниот Австралиец е на одмор во Италија и се огласи на Твитер за договорот за името што вчера го постигнаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Случајни мисли од Фиренца… Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека сè ќе заврши како што треба“- напиша Кроу за социјалната мрежа.
Кроу, кој е роден во Нов Зеланд, се прослави со улогата на римскиот генерал Максимус во филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот, за кој Кроу доби Оскар за најдобар актер во 2000 година.