27 Април, 2024
0.0261

И со дијабет може да се живее нормално

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество. Во светот се смета дека има над 200 милиони луѓе со дијабетес, а според Меѓународната дијабетолошка федерација, овој број ќе достигне 350 милиони до 2025 година. Од последиците на оваа болест во светот се починати 5 милиони луѓе, а дури 40% од заболените не знаат дека се болни од дијабет.

Денес е светскиот ден на дијабетот. Разговараме со Рената Јакимовиќ. Таа е престедател на Здружение на лица со дијабетес Алегрија Скопје. Рената има 23 години, а на 9 години и е дијаностициран дијабет. Нејзината приказна и битката со дијабетот ви ја пренесуваме на Женски Магазин.

Женски Магазин- Каков е животот со дијабет? Кои беа симптомите кои ве поттикнаа да ја откриете болеста?

Рената –На 9 годишна возраст, август 2003 година почнав да пијам многу вода, со тоа и често да уринирам и да губам од својата килажа. На самиот почеток, моите родители мислеа дека тоа се должи поради топлината заради летот, но по неколку недели и проверената крвна слика се установи дека гликемијата (шеќерот во крвта) ми е значително покачена.

Итно бев испратена на детската клиника на оделот за ендокринологија каде специјалистите установија дека имам дијабетес мелитус тип 1. Веднаш бев ставена на инфузија и од самиот момент на инсулинска терапија. Она што кај мене го предизвикало дијабетесот е стресот. Во моето семејство немам историја на оваа состојба, ниту па бев болна во претходниот период.

На почетокот животот со дијабетес не беше едноставен, всушност ни сега не е.

Целото емотивно интервју прочитајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти