И СОФИЈА МОРА ДА ПОКАЖЕ ГОЛЕМИНА - Фуере со свој став за спорот
Објавено во: Македонија 18 Август, 2023
Поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во Северна Македонија, Ерван Фуере, во изјава за порталот indeks.mk зборува за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.
Тој вели дека освен Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје.
- Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Македонија - изјави Фуере.
Од друга страна, кратко, јасно и недвосмислено, амбасадорка на САД во земјава, Ангела Агелер исто така, во интервју за ТВ Канал 5, изјави дека подобра рамка за преговори не е можна и дека тврдењата дека некој може повторно да преговара за договорот и дека подобар договор е можен е лажна вест.