„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
Изборните резултати кои веќе покажаа кој е победник, за нашите познати аналитичари и критичари се знак дека состојбата во која се наоѓа државата и незадоволството од истата е резултат на нашиот избор.
Со посебен осврт на изборот на пратеници во Собранието утрово се јави професорката Мирјана Најчевска, која важи за редовен критичар, а која и самата овој пат се обиде да влезе во политичките води, со формирање партија која учествуваше на изборите, но не освои пратеничко место.
Таа потенцира дека со изборот кој го направија македонските граѓани, на државите не им треба надворешен непријател, самите граѓани си се доволни.
Еве го нејзиниот став:
- Граѓаните на Македонија избраа.
Во наредниот период во Собранието на државата ќе ги претставуваат:
58 пратеници кои го поддржуваат Скопје 2014, и кои ќе го возобноват режимот кој со мака беше срушен.
19 претставници на мафијата која веќе метстазираше во сите пори на државата и посебно во правосудството.
18 пратеници на партиите кои успеаа да добијат најнегативен извештај од ЕУ и се согласија во Уставот да добијат место поранешните окупатори на државата.
13 претставници на тврдо националистичко-религиозно крило на претходно спомнатата мафија.
6 поддржувачи на Путин и противници на европските вредности.
6 продолжувачи на политиките на човекот кој ја направи најнегативната транзиција со која беше разграбан државниот и општествениот имот на Социјалистичка Македонија.
Тоа е ситуацијата.
На некои држави не им треба надворешен непријател. Тие си се доволни сами на себе да останат на дното на развојот - напиша Најчевска.
Еве ја нејзината објава на Фејсбук: