01 Јули, 2024
0.0273

И СПАСОВСКИ ДЕЛЕШЕ ВОДА НА ГРАНИЦА - Огромни гужви на границите, еве колку е зголемен протокот на туристи

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во Битола реализираше средби со граѓани, а го посетил и Граничниот премин Меџитлија, каде покрај средбата со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор и на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, тој делеше и вода на граѓани кои ја преминуваа границата. 

Од службите на Спасовски посочуваат дека средбите имаа за цел запознавање со состојбите на овој граничен премин и на Регионалниот центар, генерално, имајќи ги предвид евидентираните податоци од полициските станици за надзор на државната граница, полициските станици за гранични проверки, како и одделенијата и отсеците кои се во состав на РЦ за ГР Југ. 

- Во однос на прометот на патници на јужната граница, истиот е зголемен, споредбено со истиот период од 2022 година и тоа за 32 отсто. На ПС за ГП и ГН Меџитлија поминале 669.371 патници, што во споредба со истиот период од 2022 година претставува зголемување од 60 проценти - соопштуваат од МВР. 

Од страна на раководството на РЦ за ГР „Југ“ министерот Спасовски беше информиран за состојбата на границите во текот на првото полугодие од 2023, при што откриени се 60 кривични дела и 896 прекршоци по разни основи. 

Во делот на илегалната миграција, РЦ за ГР „Југ“ има откриено 4.626 илегални мигранти во ова полугодие, при што забележана е тенденција на намалување на обидите за 40 проценти за разлика од истиот период лани. 


- Во делот на крумчарење мигранти откриени се 27 случаи во обид да се прокриумчарат 243 илегални мигранти, при што се поднесени 20 кривични пријави против 28 сторители. 

Во првото полугодие во 2023 година откриени се и 13 фалсификувани документи и послуга на туѓа патна исправа - се наведува во соопштението. 

Исто така, преземени се мерки и активности за спречување на бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, при што откриени се 20 случаи за бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, а по оперативна акција за спречување на недозволена трговија со дрога, само на јужната граница пронајдени се и одземени 5 кг марихуана. 

Од МВР истакнуваат дека министерот Спасовски го изразил своето задоволство од високите резултати на овие организациони единици, а доби уверување дека вработените ќе продолжат интензивно да постапуваат по активностите на Министерството и оперативните акции на БЈБ, претендирајќи кон уште подобри резултати во насока на унапредување на безбедноста на сите граѓани.

Фото: МВР

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДЕНЕС ИМА МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве што предупредуваат синоптичарите

ЗА ДЕНЕС ИМА МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве што предупредуваат синоптичарите

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција