06 Мај, 2024
0.0251

И власта сита и судиите на број?

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Иако се најавуваше, сепак, генерален реизбор на судиите не е предвиден во владиниот план за реформи наречен 3-6-9.  А дека такво нешто нема да се случи, најави вицепремиерот Бујар Османи.  

Според Османи, погрешна е интерпретацијата дека Владата ќе прави генерален реизбор на судиите. Ваквиот став, го образложи со фактот дека тоа е во спротивност со препораките на Европската комисија и на телата на Советот на Европа. Затоа, најавува дека ќе се зголемува улогата на Судскиотт совет во дефинирање на постапките за избор и дисциплинирање на судиите. 

„Дури една од мерките која е предвидена во планот 3-6-9 е анулирање на Законот за верификација на факти за дисциплинирање на судиите, бидејќи тоа го сметаме како начин или инструмент за притисок, и зголемување на улогата на Судскиот совет во тој дел. Така што, нема да има генерален реизбор на судии, туку воспоставување на систем со цел квалитетен избор на судии, кои ќе бидат независни и непристрасни во својата функција“, вели Османи  во интервју за Радио Слободна Европа.

На ваквата изјава на Османи, регираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со став дека Османи ја лаже јавноста дека граѓаните лошо го разбрале лидерот на СДСМ, кој во предизборието најавуваше целосен реизбор на судиите, а тому тоа е напишано и во партиската програма.  

„Гарантираме целосен реизбор во судството. Пресудите ќе ги пишуваат судиите, а не партиски штабови“, пишува во партиската програма на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додават дека, сега владата планира целосна партизација на судството, а тоа особено се гледа со формирањето на Советот за реформи во правосудниот систем.

„Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, како во 1997 година кога во една минута промени 617 судии. Оваа криминална акција Заев и СДС сакаат да ја спроведат за да нема ниту еден судија кој ќе го гони лидерот на СДС за случаите во кои бара стотици илјади евра поткуп од бизнисмени од позиција на градоначалник на општина Струмица. Во фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Советот за реформи во праводсудниот систем е веќе екипиран, а еден од членовите е Љубомир Фрчковки. Фрчковски, во интервју за ТВ24 не сакаше да ги коментира ваквите обвинувања, но посочи дека сите решенија за реформирање на правосудниот систем ќе бидат извлечени од стандардите на меѓународното право и препораките на Прибе, коментирајќи дека сега Македонија има најлош судски систем, полош од комунистичкиот. 

При тоа, додаде дека за членството во Советот за реформи на правосудниот систем, не знае како е избран, туку решението само му било доставено.

„Немам појма како се одвивал изборот. Ние добивме решенија дека сме во изборот. Немавме претходно некои консултации ќе бидете, па дали сакате. Веројатно сметаа дека тоа е еден израз дека ќе се согласиме заради важноста на моментот. Инаку, беше малку чудно во таа смисла, но добро, во секој случај нема да ги разочараме заради ургентноста на моментот, да се учествува во таа приказна. Инаку, беше малку чудно начинот на кој ни ги доставија тие решенија, и го видовме првпат списокот на екранот, на компјутерот, не е важно…Јас немав појма дека ќе учествувам во вакво нешто“, изјави Фрчковски за ТВ24.

Додаде и дека не знае дали за ангажманот ќе добива хонорар.

,,Немам појма околу тоа, не мислам дека како што тргнала Владата ова ќе биде лукративно поврзано со тоа“ -изјави Фрчковски.

Советот за реформи во правосудниот систем не се состанал се уште, но Фрчковски посочува дека за потребните реформи ќе биде неопходно да има паралелна работа на Владата, Собранието и Советот.

Судството со години наназад е критикувано, а се најде и во извештајот на германскиот експерт Прибе, како една од клучните точки каде се потребни итни реформи. 

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран