Иако се во карантин, Словачка урива рекорди со бројот на заразени
Објавено во: Свет 03 Декември, 2021
Рекорден број на новозаразени има во Словачка и покрај карантинот.
Имаат 15.278 заразени, или скоро 5.000 повеќе од претходниот рекорд, кој беше регистриран на 23 ноември.
Владата воведе двонеделно затворање, кое стапи на сила на 25 ноември. На граѓаните им е дозволено да ги напуштат домовите само од причини предвидени со владина уредба. На работа одат вакцинираните, оние кои прележале, а другите приложуваат негативен ПЦР тест. Се размислува за бонус од 500 евра на лица на возраст од 60 и повеќе години доколку се вакцинираат. Целосно вакцинирани се 46,3 отсто од 5,5 милиони жители на Словачка.