ИД разнесе големо претпријатие за гас во Сирија
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017
Групата „Исламска држава“ разнесе големо претпријатие за гас во Сирија, кое обезбедуваше една третина од електричната енергија во земјата.
„Исламска држава" ја презеде одговорноста за експлозиите во претпријатие за експлоатација на гас што обезбедуваше една третина од електричната енергија во Сирија, пренесе Франс прес.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека во последните 48 часа, ИД експлодирала бензиски пумпи во источниот дел на провинцијата Хомс. Претпријатието е уништено.
Извор од сириското Министерство за нафта ја потврди информацијата. Станицата го запре производство еден месец по напредувањето на џихадистите кон Палмира.
Вчера ИД објави видеоснимка каде ја покажува гасната станица.
Претпријатието имаше капацитет од 3,7 милиони кубни метри годишно и беше едно од ретките кои работеа со полн капацитет. Се очекува да бидат погодени милиони Сиријци во провинциите Дамаск, Хомс и Хама.