18 Мај, 2024
0.0405

ИГРАЧКИ, ПАКЕТЧИЊА И НОВОГОДИШНИ ПЕСНИ ЗА ДЕЦАТА ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ: Празнична магија подготвена од учениците, наставниците и родителите од ООУ „Владо Тасевски“

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

„Далеку, а блиски“ е насловен, новогодишниот хуманитарен настан на учениците, наставниците и родителите од ООУ „Владо Тасевски“ Карпош, Скопје со кои во деновите на празничната божикна и новогодишна еуфорија ќе ги израдуваат децата хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања-Козле.

-Современите образовни концепции, вклучуваат активно учество на учениците во сите општествени процеси. Искрено работиме во остварување на овие цели, и горди сме што нашите ученици се одговорни и активни членови на заедницата. Посветени на идејата за развивање на демократската култура, веќе трета година по ред организираме младински активизам, со кој нашите ученици покажуваат општествена одговорност, хуманост и ученичко учество. „Далеку, а блиски“ е настан со кој за време на новогодишните празници, најубавото време од годината, сакаме да им помогнеме на децата кои наместо во домашни услови, Новата Година ќе ја дочекаат во здравствената установа ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, вели за Фактор, наставничката Симона Петковска Илиеска – координатор на проектот.

Посочува дека учениците наставниците и родителите од ова скопско основно училиште трпеливо работеле изминатиот период за да најубавите моменти во годината ги направат весели за дечињата кои се лекуваат во здравствената установа. Лекарите херои пак, медицинските сетри, болничарите, како што вели Петковска ќе добијат дизајнирани маици, изработени исто така од учениците од „Владо Тасевски“.

-Донираа сопствени сретства со кои купија 12 таблети, кои ќе ги донираме на болницата Козле и кои ќе служат на сите идни пациенти, деца кои се лекуваат во установата. Тие со помош на таблетите, ќе можат да се поврзат со нашите ученици волонтери за емоционална поддршка, или со нашите наставници, кои ќе им помогнат во совладување на наставните содржини. Снимена е новогодишна приредба која ќе им биде испратена на децата од болницата Козле, и која ќе може да ја проследат на донираните таблети.  За помалите пациенти купивме едукативни играчки, книги и детски постелнини со кои престојот на децата во болница ќе им го направиме малку попријатен. 

Учениците од проектот „Далеку, а блиски“ изработија сопствени дизајни за маици кои ги наменивме за докторите и медицинскиот персонал како и дизајни за постери наменети за секоја детска соба во болницата. Со оваа идеја сакаме да им дадеме поддршка на лекарите херои кои во моментов се грижат за децата. За секое дете во болницата подготвивме новогодишно пакетче. Хорска група од училиштето „Владо Тасевски“ подготви неколку новогодишни песни со кои ќе ги поздрават децата од дворот на болницата, под нивните прозорци и ќе им посакаат брзо закрепнување, вели нанставничката Петковска.

Празничната магија е закажана за денеска токму во дворот на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања, каде што учениците ќе им ги пренесат божикните и новогодишните радости на дечињата кои се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања-Козле.

Анита Буховски 


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност