05 Мај, 2024
0.0265

Игумен Петар Драгојловиќ: Македонското име не е во исклучителна сопственост на Грците

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Игуменот Петар Драгојловиќ, од Српска Православна Црква, за протестите кои вчера се одржаа во Атина, против употребата на терминот „Македонија“ во решение за спорот со името, им порача на Грците дека не се во право. 

Тој за овој проблем го образложи својот став на Фејсбук. 

„Македонија е Грчка, гласи слоганот на грчките протести во Атина?! Епа не е баш така браќа Грци. Со должна почит, мојот личен став е дека Македонија не е само грчка и дека македонското име не е во исклучителна сопственост на Грците. Егејска Македонија е Грчка, затоа што во неа денеска воглавно живеат Грци и припаѓа на грчката држава. Вардарска Македонија денеска е воглавно македонска и таа држава се нарекува Република Македонија. Никој нема право да го одзема името и јазикот на еден народ и на една држава. Во Република Македонија 80 отсто од населението се Македонци, и тие денеска не се ни Грци, ни Бугари ни Срби. Во оваа земја во мнозинство живее македонски народ. Како што во Пиринска Македонија мнозинството се Бугари. Од таму, Македонија е територија на која се наоѓаат три држави и многу народи кои живеат во тие три држави, али воглавно Грци, Македонци и Бугари. Мене како Србин и православен игумен кој живее во Србија, Македонците ми се драг и посебен народ, кои имаат своја држава, свое име, своја нација, свој јазик и своја историја“ - пишува тој.  


Понатаму наведува дека ги сака и ги цени Грците и Бугарите, но не поддржува ничиј елитизам, било од поединци во секој народ, било од поголеми групи на некој народ. Ни српски, ни бугарски, ни грчки, ни македонски. 

„А паролата „Македонија е Грчка“, му се допаѓало тоа некому или не, е елитистичка. Грците немаат право да си ја присвојуваат цела Македонија, немаат ниту единствен ексклузивитет на тоа име. А оној кој им малку знае историја, знае дека обичните антички Македонци, зборувале на различен јазик од тој на грците, односно биле различен народ од грците. Така да Грците не можат да ги присвојуваат сите античи Македонци, а не можат ни денешните Македонци денешната Република Македонија“- порача игуменот.

Протестот во Грција доби поддршка и од свештените лица. 

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче