12 Мај, 2024
0.0643

Илиески: Уметниците не може да бидат даватели на јавни услуги

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Синдикатот за култура на РМ бара повлекувње на новиот Закон за култура. Со ова законско решениекое е усогласено со новиот Закон за адмнистративни службеници, практично и вработените во културата, уметниците, се класифицираат како административни службеници. Од синдиктот велат дека законот е составен од ригорозни мерки за вработените и неколку пати реагирале до Министерството за култура но безуспешно. Конструкторите на вакви небулозни измени заборавиле дека не може да се поистоветат сите професии под заеднички именител „даватели на јавни услуги“, вели во интервју за Фактор, Виктор Илиески, претседател на Синдикатот за култура на РМ.

Фактор Две години барате измени на Законот за култура, сега и повлекување, зошто треба да се повлече, кои се недостатоците на овој закон?

Илиески: Откако беа изгласани законските решенија, тајно без никакви дебати, консултации, ние веднаш реагиравме, имавме состаноци во Министерството за култура, немаше никакво поместување во ставот на Министерството во однос на измените. Имавме и протести пред Министерството, и наместо да се запрашаат дали навистина има некаков проблем со нивните одлуки, вработените од истото Министерство од прозорците ги запишуваа со имиња и презимиња колегите. Многу мизерна слика за едно демократско општество, кое декларативно се "бори" да биде во широкото европско семејство.Со неколку зборови, сите тие измени го загрозуваат веќе стекнатото право на вработените во културата.Ќе напоменам дека како синдикат во 2011 годинаа добивме иницијатива за оценување на Законот за јавни службеници, со што ја спасивме целата култура со обемните бирократски процедури, оценувања.После донесувањето на овие измени и донесувањето на Законот за Јавен сектор, повторно поведовме иницијатива пред Уставен суд, но за жал измениот состав на уставните судии ја погазија одлуката од 2011 годин и овој пат не не издвои од тој цел бирократски апарат.Вакви конципирани законски решенија, покажуваат тенденција да се дисциплинираат сите дејности, при што конструкторите на вакви небулозни измени заборавиле дека не може да се поистоветат сите професии под заеднички именител „даватели на јавни услуги“. Напоменувам дека целиот закон е составен од членови кои имаат ригорозни мерки кон вработените.

ФакторШто предвидува овој Закон и што ќе значи неговата имплементација за вработените во културата, за уметниците?

Илиески: Ќе почнам од крајот на Законот - законот нема никакви финансиски импликации, се' додека не се обезбедат услови за тоа - овој заклучок дефинира се', нема никакви тенденции кон унапредување и мотивација на носителите и столбот на културата во оваа држава.Ќе споменам само неколку небулози: Има член во кој се укинуваат договорите од неопределено на определено време на уметниците на 5 години.Комисијата која ќе ги испитува кандидатите е составена од 5 членови, од кои 4 странци и 1 истакнат македонски уметник!По кој критериум ќе се бираат испитувачите од странство - како уметник кој настапувал во повеќе од 30 држави, ваков парадокс, со кој се погазуваат вработените уметници(диригент, концерт мајстори, солисти гудачи, дувачи)најодговорно тврдам дека нема во ниту еден закон во светот.Овој инструмент во рацете на претпоставените може лесно да се злоупотреби со странците, тргнувајќи од искуствата во институциите, каде што се вработуваат и партиски кадри.Наша тенденција како Синдикат е да институциите од културата се претворат во партнери на Министерството, а не нивни инструмент за исполнување на желби на министерката и вработените од министерството.

Фактор: Со оглед дека новиот Закон е усогласен со Законот за админстративни службеници, можат ли уметниците да бидат класифицирани како државни службенци, како даватели на јавни услуги?

ИлиескиВо ниту еден сегмент нема заеднички именител помеѓу уметниците, конзерваторите, музеалците и државните службеници, впрочем и самиот Устав ни овозможува посебен третман дека културните дејци имаат темелна вредност во општеството. Државата го помага, штити и унапредува развојот на уметноста и културата.

Фактор: Неодамна споменавте дека има притисоци врз вработените за  потпишување на нови решенија, што содржат тие решенија?

ИлиескиСо потпишувањето на решенијата, вработените самите ќе го признаат овој  закон со сите аномалии.

ФакторЗа каков притисок станува збор, постојат ли закани за откази доколку тие решенија не бидат потпишани?

ИлиескиЗнаете како се случуваат сите работи во администрацијата, затоа сакаат да не стават во бирократскиот кош. Има наредба од "центарот на светот", Министерството, и ги притискаат директорите да ги спроведат нивните политики, а директорите како извршители ги притискаат вработените. Морам да напоменам дека нема притисок во сите институции. Не може да имаме напредок во културата доколку ги обремемувате уметниците и културните работници, а од друга страна најголем од вработените имаат потпросечна плата.

ФакторДали досега сте побарале средба со министерката за култура, за да ги изнесете вашите забелешки?

Илиески:Имавме и средби и нема слух за поместување на работите, затоа како синдикат периодов имаме средби со политичките партии. Кој ќе ги прифати нашите реални барања, ќе добие и индирекна поддршка.Очигледно министерката Елизабета  Канческа Милевска која не ги вади од вокабуларот уметниците, омилен соработник и е СОНК кој нема допирни точки со уметност, ова го кажувам со факти, 2 години од страна на институциите бевме блокирани во регистрација на подружниците на СКРМ.Заради тоа нема да дозволиме да се имплементираат овие експерименти со институциите. А во овој предизборен период не смее да има никакви поместувања на крупни одлуки во однос на работниот статус на вработените  во институциите.

ФакторКако Синдикат за култура имате ли поддршка од сите уметници, има ли обединување или разединување, конкретно кога се во прашање барањата на вашата фела?

Илиески: Во овој најтежок период за државата, граѓаните на оваа држава делуваат по инерција, има вработени кои се вработени и партиски,така што многу лесно може да се манипулира со нив, бидејќи луѓето немаат интегритет.

ФакторКаде е Македонија во однос на условите, платите за кои работат македонските уметници, во споредба со европските земји?

ИлиескиМакедонија е на дното во споредба со европските земји.Со исклучок на Бугарија, уметниците во регионот имаат 2 републички просечни плати.Што се однесува до споредбата со западно-европските држави жална е споредбата. Македонскиот уметник работи цела година за месечниот приход на европските уметници. Замислете во Македонија на колегите од музеите, конзерваторските центри, библиотеките не им се валоризира нивното звање.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно