06 Мај, 2024
0.0244

Илјадници посетители го прославија 4-от роденден на Капитол мол

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Веќе 4 години по ред Капитол мол е една од главните дестинации за добар шопинг и забава за сите генерации – од најмладите до најстарите. И покрај тоа што е прилично нов мол, во Капитол мол шопингот е само една од многуте можности кои ги нуди, а вреди да се споменат и фитнес центарот опремен со најнови машини за вежбање,  куглана, одлична игротека, кафе, добра храна и супер маркет.


Оваа година 4-от роденден на Капитол мол беше прославен во 5 целосно исполнети денови со многу активности, забава, музика, игри, попусти и подароци. Роденденската прослава имаше за цел да овозможи сосема нова димензија на забава која никого не остави рамнодушен. Програмата вклучуваше детски и забавен дел, меѓутоа главниот фокус беше на детската и семејната програма.


За време на детската програмабеа вклучени многу активности за деца проследени со прекрасна музика. Помалите посетители имаа можност да се активираат во правење креативни роденденски честиткии во боење и цртање на роденденската торта на Капитол мол каде беа придружени од уметниците Тоциновски, вклучени беа и многу семејни игри каде семејствата имаа можност повторно да се обединат на едно место и да имаат незаборавни моменти. Детската радост беше исполнета со годишното финале на ЛЕГО турнирот каде доаѓа до израз и натпреварувачкиот дух, заедно со присуство на аниматори, семејни игри, креирање роденденски честитки, но и роденденско караоке во игротеката Kids Park со „Поточиња“. Овие активности резултираа со огромна среќа и насмевки кај најмалите. Радоста и возбудата беа зголемени со салса танчарите од Академија Рекреатива, забавување со пантомимичари и куклено шоу. Идејата за одржување на овие точки беше да се запознаат децата со нешто поинакво за разлика од забавата која ја нудат сите електронски уреди.  Целта на роденденската програма беше да се создаде среќа и насмевки кај најмалите во текот на целата роденденска прослава на Капитол мол.


Забавната програма беше наменета за сите возрасти. Главна тема на оваа програма беше музиката и танцувањето како симбол за веселба, такашто центарот беше исполнет со забавната музика на Dj Mats, настап на најпознатото танчарско студио во Скопје и пошироко – Beatrix Crew, чувствување на роденденската магија преку магионичарско шоу и со фантастичната музика на ContruDJ. Веселбата продолжи за време на викендот со музиката на Dj Branchez, настапот на Brass Brothers, како и приредување на детска ревија со Tilla. Поинаква точка беше приредена во понеделникот со поетската вечер, каде беше презентиран поинаков поглед на целата прослава, со многу душа и уметнички елемент.  И за крај, роденденската забава беше завршена со хуманитарниот настан „Од децата за децата“ кој беше специјално посветен за сите деца со посебни потреби, за заедничка дружба, ширење љубов и заедништво, како и класичниот музички концерт на училиштето Кредо.


Капитол мол на четвртата роденденска забава имаше исклучително голема посетеност, но и разновидност на активности, настапи, игри кои ќе останат во спомен на сите кои учествуваа и беа дел од нив.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ