02 Мај, 2024
0.0271

Илјадници верници ќе го чекаат Велигденскиот оган во Ерусалим

Објавено во: Свет 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Вечерва илјадници верници ќе се соберат во Ерусалим чекајќи го Велигденскиот оган. Според обичаите Патријархот на Ерусалим, традиционално влегува во просторијата во ленена одежда за да биде видливо дека тој не носи во спилата кибрит или нешто друго со што може да запали оган. Тогаш се запечатува влезот на капелата – и настапува напната тишина во очекување на слегувањето на Светиот оган.

Десетици илјади христијани од целиот свет се собраа во саботата на улиците на ерусалимскиот Стар град во очекувањето на појавувањето на Благодатниот оган, кој секоја година се пали во пресрет на православниот Велигден во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово или црквата на Светиот гроб.

Верниците минуваат низ Стариот град од самите мугри во саботата, при што главниот дел од аџиите минуваат низ Јафската порта, но некои ја минуваат и низ Сионската порта.

Припадниците на полицијата и на војската се распоредени по периметар околу ѕидините на Стариот Ерусалим, а во близина на секоја порта во градот има неколку редови кордони. Членовите на најавените делегации минуваат со специјални пропусници со личните имиња, коишто секоја година се менуваат за да се избегнат фалсификат. Први во Стариот град се пуштаат да влезат телевизиските екипи и фоторепортерите.

Верниците се слеваат кон храмот на Светиот гроб со светилки и „велигденски“ снопови од 33 свеќи, што го симболизира бројот на годините од овоземниот живот на Исус Христос.

Оваа година паравославните, католиците и протестантите го празнуват Велигден на ист датум, што се случува мошне ретко, ако се има предвид дека западните цркви го користат Грегоријанскиот календар, а источните Јулијанскиот. Следниот пат вакво совпаѓање ќе има во 2025 година.

Велигден се поклопува исто така со еврејскиот празник Пасха, со кој се одбележува библиското масовно заминување на Евреите од Египет.

Израелското Министерство за турзам објави дека очекува дека Стариот град ќе го посетат 79.500 христијански и 78 илјади еврејски туристи.

Како и секоја година, Израел издаде пропусници за 500 христијани од Појасот Газа за може да влезат во Израел и на Западниот брег. Повеќе десетици илјади христијани од целиот свет и од сите конфесии, добиваат специјални дозволи за посета на Ерусалим до крајот на седмицата, кога православните верници го одбележуваат Велигден.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа