29 Април, 2024
0.0257

ИМА ЛИ ЕФЕКТ: По седум години, само 30% од зградите имаат управител!

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Скоро осум години по воведување на законската обврска за ангажирање на Управител во станбените згради, податоците за функционалност на ова решение во пракса сеуште не се задоволителни. Досега, само во 13 градови во земјава се применува Законот за домоување, или управители се ангажирани во 3 164 згради со опфат на 72 571 станови и деловни простории. Новиот, полугодишен Извештај за работата на Регулаторната комисија за домување покажува дека пет фирми ги вратиле лиценците за управител.

Законот се применува во 13 градови ?

Расте бројот на згради кои, наместо Заедница на сопственици, ангажираат управители, но и по околу осум години од законската обврска, и натаму показателите за ефектите од овие решенија не се задоволителни. Податоците од новиот Извештај за работата на Регулаторната комисија за домување покажуваат дека во второто полугодите од 2017 година, брјот на згради менаџирани од управители пораснал на  3 164 што во однос на првото полугодие претставува пораст за 223 згради кои ангажрале управител. Но од друга страна и натаму договорите на лиценцираните управители со станарите на зградите се концентрирани во 13 градови, Скопје, Битола, Штип, Охрид, Прилеп, Струмица, Куманово, Тетово, Велес, Струга, Гостивар, Кичево и Дојран.

До крајот на 2017 година, единаесет управители ги загубиле лиценците за работа додека во второто полугодие од 2017 година биле издадени две нови лиценци.  Пет правни лица, односно фирми се повлекле од бизнисот.

“Во претходните извештајни периоди, одземени се единаесет лиценци така што до овој момент 63 правни лица имаат добиено  лиценца за управител, од кои активно со дејноста се занимаваат 46 правни лица. Во овие лиценцирани фирми се вработени преку 864  лица, а индиректно  преку договори за услуги од делокругот  на управувањето (одржување хигиена, занаетчиски работи и слично) се обезбедува работа и за голем број вработените во правните субјекти кои нудат услуги од ваков тип“ - се наведува во извештајот на регулаторното тело.

Интересен е податокот дека во второто полугодие од 2017 година се намалува бројот на регистрирани Заедници на сопственици.

“Во периодот од 01 јули  до 31 декември  2017 година,  забележан е благ пад на бројот на регистрирани заедници на сопственици. Според податоците добиени од Централниот регистар на Република Македонија, до средината на месец Декември 2017 година има регистрирано вкупно 2 820 заедници на сопственици. Додека пак, бројот на згаснати заедници на сопственици има драстичен пораст и истиот за овој период изнесува 628 заедници. Како и во претходниот период најголем број од станбените  згради кои ги згаснале заедниците на сопственици, имаат донесено одлука за ангажирање на лиценциран управител, па се очекува овој тренд да продолжи и во иднина“ – се наведува во Извештајот.

Дел од граѓаните што живеат во станбени згради и натаму сметаат дека постигурна опција за менаџирање е токму Заедница на сопственици.

“Во нашата зграда одлучивме да регистрираме Заедница на сопственици, бидејќи немавме добро искуство со управител. Можеби работата е покомплицирана, бара поголема одговорност, но сметаме дека ова решение засега е добро“ – вели Ненад.С станар во зграда во скопската општина Гази Баба.

Вкупниот бројот на станбени згради кои се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесува  5 980.

“Ако се земат во предвид податоците од  последниот попис од 2002 година, според кои во Република Македонија има околу 10 000 станбени згради,  тогаш  може да се заклучи  дека веќе 60 % од нив се управувани согласно Законот за домување. На крајот на 2011 година овој процент изнесуваше 20%, на крајот на 2012 изнесуваше 42%, на крајот на 2013 изнесуваше 48%,  на крајот на 2014 изнесуваше 50%, на крајот на 2015 изнесуваше 53%, на крајот од 2016 изнесуваше 56%, додека пак на крајот на 2017 година достигна приближно до 60% (т.е. 59,8%). Повеќе од очигледно е дека ваквиот тренд на пораст би требало да се очекува и во наредниот период“ – обелоденува новиот извештај на Регулаторната комисија за домување.

Како се троши буџетот на Регулаторната комисија за домување ...

Во Регулаторната комисија за домување, според податоците од Буџетот за 2018 година, вработени се осум луѓе а опертивниот трошок по вработен на годишно ниво изнесува околу 20 500 евра или 1 700 евра месечно. Регулаторната комисија лани располагала со буџет од 165 000 евра. Најголем дел од овој буџет или 130 000 евра се за исплата на плати и надоместоци за вработените. За договорни услуги лани, биле потрошени близу 22 илајди евра.

Еден од клчуните проблеми за спроевдување на законското решение е недостатокот на овластени инспектори за домовање кои ќе го контролираат спроевдувањето на законот.

“Бројот на овластени инспектори за домување во општините во Република Македонија и опшините на градот Скопје, има претрпено промена во поглед на претходниот извештаен период но истиот наместо да оди во нагорна линија овој извештаен период покажа дека бројот на општински инспектори за домување е намален. Има општини кои се уште немаат назначено инспектори за домување, а со тоа се отежнува работата на лиценцираните управители, како и функционирањето на регистрираните заедници на сопственици“ – посочуваат од регулаторното тело.

Регулаторната комисија за домување беше формирана во 2010 година како надлежно тело да го регулира и спроведува законското решение со кое граѓаните во станбените загради, согласно законот треба да ангажираат управител или да формираат Здружение на сопственици, како форми на прватно и контролирано менаџирање со финансиите што ги собираат станарите за колективните потреби на згрдатат, како плаќање на сметки за комуналии, одржување и поправки. 

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка