08 Мај, 2024
0.0276

Има ли скриени трошоци за бизнисите и кои се тие?

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Неданочните и парафискалните трошоци претставуваат дополнителни трошоци за бизнисите кои честопати се скриени, не се транспарентни и не можат лесно да се планираат што може да предизвика несигурност во деловното планирање, наведуваат од Центарот за економски анализи. 

Тие може да бидат и директна причина за намалена конкурентност,  како и за нивна трансмисија кон цената на финалните производи и/или услуги, а со тоа и повисоки пазарни цени. 

„За дел од овие задолжителни неданочни и парафискални плаќања деловните субјектите не добиваат никакви дополнителни права, услуги или стоки за возврат од јавниот сектор, или пак имаат бенефит кој е непропорционален со финансискиот товар од давачката. Анализата кон евентуално намалување или укинување на истите би резултирало во намалени трошоци за бизнисите и би ја подобрило бизнис климата, преку зголемување на добивките или инвестициите, а со тоа потенцијално и на даночните приходи во буџетот на долг рок. Оваа студија претставува таква анализа која има за цел да даде препораки за рационализација на неданочниот и парафискалниот товар на приватниот сектор. Без амбиции да се направи исцрпна листа на сите неданочни и парафискални давачки во приватниот сектор што би ги надминувало ресурсите кои ни се на располагање, оваа анализа се фокусира на неданочните и парафискалните давачки на деловните субјекти од областа на два сектора: градежниот сектор и прехранбената индустрија. Притоа, примарните податоци кои се користат во анализата се собрани директно од примерок на компании од градежниот сектор и прехранбената индустрија преку прашалник, а дополнително се користат секундарни податоци како што се статистички податоци, податоци од бизнис здруженија и комори, академски истражувања и податоци од владини извори“, информираат од ЦЕА. 

Студијата е поделена на три дела и тоа анализа на перцепциите на компаниите од примерокот, економска анализа и правна анализа.

Во првиот дел се анализираат перцепциите и наодите од компаниите од примерокот, во вториот дел се прави симулација од влијанието од евентуалното намалување на неданочните и парафискалните давачки врз бруто додадената вредност на Република Македонија, а во третиот дел се дава детален преглед на неданочните и парафискалните давачки кои ги имаат компаниите од градежниот сектор и прехранбената индустрија.

Скоро половина на испитаните компании од прехранбената индустрија се согласуваат дека трошат значајни ресурси во финансии и време за да одговорат на барањата на регулативата во секторот (42%), дополнителни 29% се неутрални во своите изјави. Поголем дел (35% кои целосно или делумно се согласуваат) сметаат дека нефискалните давачки влијаат негативно врз конкурентноста на претпријатието. 

Најголем дел од компаниите од прехранбената индустрија (75%) изјавиле дека се консултирани по процесите на измени и носење на нова регулатива во секторот прехранбена индустрија, и тоа најчесто (85% од оние кои изјавиле дека се консултираат) преку коморите во кои членуваат, а само 10% од оние кои потврдно одговориле, се изјасниле дека тоа го прават преку ЕНЕР и 5% преку директни консултации со надлежните институции.

Целата анализа прочитајте ја овде

фото ЦЕА

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката