21 Март, 2023
0.0231

ИМА ЛИ СПАС ЗА НЕКОГАШНИОТ ГРАДЕЖЕН ГИГАНТ - „Бетон“ за лани објави загуба од пет милиони евра, помала од претходно, денеска има рочиште за стечај

Објавено во: Економија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Додека денеска се очекува ново рочиште околу предлогот да одат во стечај, „Бетон“ Скопје објави финансиски извештај во кој говори за намалување на загубата лани, во однос на претходната 2021 година. Што ќе рече дека градежната компанија и лани работела во зоната на негативата, но сепак нејзината загуба е повеќе од двојно помала во однос на една година претходно.

Или, Билансот на успех на компнијата говори дека лани „Бетон“ работел со загуба од 5,1 милиони евра, додека, пак, во 2021 година загубата била дури 12,7 милиони евра.

Што ќе значи овој малку ублажен негативен финансиски резултат за некогаш силниот градежен гигант, а сега проблематична компанија за која вработените и другите доверители побараа банкрот со цел да може да си ги наплатат побарувањата, веројатно ќе биде многу појасно после денешното рочиште.

Ако се погледне грубо Билансот на успех на „Бетон“, ќе се забележи дека лани во однос на 2021 година се намалени и приходите и расходите на компанијата, но кај расходите намалувањето е многу поголемо, што влијаело и врз намалувањето на загубата.

Па така, вкупните приходи на компанијата лани биле на ниво од 7,5 милиони евра, што е дури ни нецела половина од оние приходи што градежната компанија ги остварила една година претходно.

Уште поголемо намалување има од приходите остварени на домашниот пазар, па тие не се ни една третина од оние од претходната година, додека, пак, приходи од странски пазари воопшто не се остварени.

Но, затоа значајно зголемување „Бетон“ има кај ставката останати оперативни приходи, каде зголемувањето е дури 177 проценти во однос на 2021, достигнувајќи ниво од дури 3,6 милиони евра, што значајно ја зајакнува билансната позиција на компанијата.

На расходната страна, пак, се гледа дека вкупните расходи изнесуваат 12 милиони евра, што е за 57 отсто помалку во однос на една година претхоно.

Намалени се и сите други расходи, вклучително и трошоците за вработените, каде намалувањето е за 55 проценти. Или, за плати на вработените лани биле исплатени 2,3 милиони евра.

Ако се погледне билансот на состојба на „Бетон“, може да се види дека обврските на компанијата се намалени за 27 проценти во однос на 2021 година, но сепак тие се сеуште многу високи и изнесуваат дури 19 милиони евра.

Последното рочиште за „Бетон“ се одржа пред еден месец, односно точно на 17 февруари, и тогаш тоа беше одложено, бидејќи, како што соопшти Синдикатот, тоа го барал привремениот стечаен управник на компанијата. Од Сојузот на синдикатите на Македонија тогаш информираа дека работниците до крај ќе ја тераат постапката за отворање стечај, како би ги добиле своите шест заостанати плати. 

„Денешното рочиште по Предлогот за отворање на стечајна постапка е одложено, по барање на привремениот стечаен управник, за да се исплатат заостанатите плати на вработените, за кои е покрената постапката со Предлогот за отворање на стечајна постапка односно за престанок на работодавачот. Рочиштето е одложено за 17 март оваа година. Работодавачот ДГ Бетон АД Скопје веќе шести месец нема исплатено плата, а сметката на компанијата е затворена односно боликирана повеќе од 45 дена, што е доволен основ за отварање на стечај на работодавачот и материјално обезбедување на работниците“, напишаа тогаш во соопштението од Синдикатот.

Оттаму нагласија и дека работниците се одлучни да ја водат постапката до крај, за да ги добијат нивните плати, а доколку е потребно, друга група вработени бара да се поведе и нова постапка и за овие шест месеци неисплатена плата кон нив, а за што се спремни да поднесат и нов Предлог за отворање на стечајн.

Лани Берзата објави дека ги прпширува причините поради кои „Бетон“ се наоѓа на нејзината Листа на набљудување. Всушност, „Бетон“ на таа листа беше ставен уште на крајот на август лани, откако компанијата објави дека има блокирана сметка. Но, потоа потребата од внимателнсот се прошири уште повеќе со поведената претходна постапка за стечај.

Инаку, градежната компанија, преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

„Бетон“ во својата објава призна дека оваа 2022 година е несомнено најтешката година од нивното постоење.

Главни акционери во „Бетон“ се компании на бизнисменот Минчо Јорданов.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски