01 Декември, 2023
0.0533

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 28 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Еден ден откако двете банки објавија ценовно чувствителни информации дека сериозно ја разгледуваат можноста за присоединување, иако работата е далеку од готова и допрва ќе следуваат длабински анализи, вчера преку Берзата се реализираа две блок трансакции. И двете беа со акциите на Стопанска банка Битола, една од банките која ќе влезе во процесот на присоединување.

Со оглед што во исти ден се случија две блок трансакции, претпоставката е дека во нив имало различни учесници, иако не е исклучено да се работи евентуално и за исти купувач на акциите.

Во првата трансакција беа истргувани акции за близу 300 илјади евра, или прецизно за 296 илјади, додека во втората за 140 илјади евра.

Во првата блок трансакција беа продадени и купени за познат купувач 7.001 акција по цена од 2.600 денари за акција, или вкупно 296 илјади евра, додека во втората блок трансакција истргуваната количина акции беше 3.290, по цена исто така од 2.600 денари за акција, или 139 илјади евра.

Процентот на акциите кој се продал во првата трансакција е 1,8 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката, што значи дека станува збор за мал акционерски пакет, а во тората трансакција процентот е речиси двојно понизок.

На последното редовно берзанско тргување, пак, со акциите на Стопанска банка Битола, која се случила на 22 овој месец, цената на една акција била 2.400 денари, што значи дека за вчерашните блокови некој решил да плати повеќе за акциите на Стопанска банка Битола.

Дали овие блок трансакции се поврзани со најавата за можно присоединување на двете банки, или, пак, немаат поврзаност, тоа најдобро знаат учесниците во вчерашните блок трансакции.

Инаку, како што веќе објави Фактор, доколку настане спојувањето, математиките говорат дека активата на новата банка би тежела 2,735 милијарди евра.

Според сознанијата на Фактор, а како што и официјално потврдуваат двете банки, вистинскиот длабински скен ќе се прави откако банките ќе ги усвојат своите завршни сметки за оваа година, а тоа е кон крајот на март или почетокот на април наредната година.

„Тогаш ќе бидат ангажирани и ревизорски друштва, кои ќе ги направат сите потребни анализи и ќе ги завршат сите потребни процедури кои се неопходни при еден ваков сериозен чекор. Практично, тогаш ќе следува големата работа“, велат упатени извори за Фактор од Комерцијална банка,.

Каков модел на присоединување би бил одбран засега е рано да се прогнозира, но, како што велат нашите извори, можни се две опции. Првата опција е да се изврши замена на акциите на Стопанска банка Битола, односно да се издадат нови акции во сооднос на присоединетата банка. Додека, пак, втората алтернатива е да бидат отплатени постојните акционери на Стопанска банка Битола.

Фактор прв ја објави и информацијата за известувањата на двете банки до Берзата за можното присоединување, кое би се случило наредната година.

Според податоците од Централниот депозитар, во Стопанска Банка Битола акционер кој има над 5 отсто е компанијата „Пелистерка“, со 16,99 отсто од капиталот.

Н.Н.Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ - и натаму ќе биде член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ - и натаму ќе биде член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

НА 16 ГОДИНИ СТАНА САМ СВОЈ ГАЗДА: Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

НА 16 ГОДИНИ СТАНА САМ СВОЈ ГАЗДА: Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми

ОФИЦИЈАЛНО Е: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

ОФИЦИЈАЛНО Е: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

ЕВЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ АКО ЗЕМЕТЕ КРЕДИТ ВО ГЕРМАНИЈА И НЕ ГО ВРАЌАТЕ: Казната не можете ни да ја претпоставите!

ЕВЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ АКО ЗЕМЕТЕ КРЕДИТ ВО ГЕРМАНИЈА И НЕ ГО ВРАЌАТЕ: Казната не можете ни да ја претпоставите!