Има најави за инфлација, но една валута направи скок
Објавено во: Економија 26 Септември, 2018
И покрај најавите на Европската централна банка за силна инфлација, еврото вчера зајакна.
Оваа валута скокна за 0.1% на 1,1762 долари.
Во понеделник еврото се тргуваше за 1,1815 долари, со што беше на тримесечен максимум.
Доларот зајакна во однос на јапонскиот јен за 0.1% и се тргуваше за 112,89 јени.
Швајцарскиот франк падна за 0.2% и 1,1362 франци се тргуваа за еден долар.