19 Септември, 2020
0.0203

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Објавено во: Македонија 13 Август, 2020

Има добри основи за напредок во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ. 

Заврши работната средба меѓу претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари на партиите Љупчо Николовски и Артан Груби.

Од заедничкото соопштение на двете партии се вели дека средбата била продуктивна и дека постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор.

„На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари“, соопштија СДСМ и ДУИ.

Средбата се случи по денешното доделување на мандатот на Заев. Тој сега има рок од 20 дена да се обиде да обезбеди мнозинство. 

Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изјави дека не му побарал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев гаранција за обезбедено мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ги замрзнува односите со Пендаровски, и рекоа дека ќе мора да докаже дека е претседател на сите граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентирана платформата за онлајн настава, Заев кажа како ќе се субвенционираат вработувања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентирана платформата за онлајн настава, Заев кажа како ќе се субвенционираат вработувања

Ѓоргиев вели дека Бугарија во македонската историја гледа закана

Ѓоргиев вели дека Бугарија во македонската историја гледа закана

Отказ доби советникот на Чулев кој нападна командир во Тетово

Отказ доби советникот на Чулев кој нападна командир во Тетово

Дете од Крива Паланка починало во возило на Брзата помош

Дете од Крива Паланка починало во возило на Брзата помош

Заев објасни на кој начин ќе се субвенционираат вработувања

Заев објасни на кој начин ќе се субвенционираат вработувања

Груевски: Нема никакво изненадување во одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата за „Тенк”

Груевски: Нема никакво изненадување во одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата за „Тенк”

Насер Нуредини поднаучи македонски јазик

Насер Нуредини поднаучи македонски јазик

НОВ ЛОШ КОВИД БИЛАНС - осуммина починаа, 144 новозаболени

НОВ ЛОШ КОВИД БИЛАНС - осуммина починаа, 144 новозаболени

Официјално: Поранешниот директор на Телеком и Оне Вип заменик-министер за финансии, новинарот Димитровски во локална самоуправа

Официјално: Поранешниот директор на Телеком и Оне Вип заменик-министер за финансии, новинарот Димитровски во локална самоуправа