ИМААТ ЛИ ВРСКА СО ЕРДОГАН: Белгија протерува турски имами
Објавено во: Свет 18 Март, 2017
Во Белгија протеруваат имами од Турција, пренесе АП.
Од почетокот на 2017 година земјата им ги откажала визите на 12 лица.
Во Белгија има 400 џамии, но само 80 од нив се признати од државата.
Голем дел од нелегалните џамии во Белгија се контролирани од турската Дирекција за религиозни прашања, која има широка мрежа џамии и имами во целиот свет.
Дирекцијата е директно поврзана и со Партија на правдата и развојот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.