05 Мај, 2024
0.0499

ИМАЛО ЛИ МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕР ЗА ТОМОГРАФИ ЗА ПОВИСОКИ ЦЕНИ- вербална војна на релација Милошоски - Здравство

Објавено во: Македонија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Вербална војна на релација Антонијо Милошоски - Министерство за здравство.

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања и документи за наводно месетење на тендери за томографи, Министерството за здравство излезе со демант, во кој тврди дека во постапката го почитувале мислењето на Бирото за јавни набавки, како и дека постапката уште не е завршена. 

„Министерството за здравство спореведе постапка за јавна набавка на стоки – Компјутерски томографи за потребите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, врз основа на претходни добиени барања од наведените установи во кои е образложена потребата за ваков вид на опрема. Со оглед дека се работи за специфична медицинска опрема, во предметната постапка беа вклучени и стручни надворешни лица од двете установи, кои имаат долгогодишно искуство од оваа област, кои беа задолжени за изготвување на техничките спецификации како дел од тендерската документација, одговорање на стручни прашања во текот на техничкиот дијалог и во текот на постапката, како и да ги евалуираат пристигнатите понуди, во делот на техничките спецификации“, објаснуваат од Здравство.

Нагласуваат дека Министерството, пред објавување на постапка за јавна набавка, а согласно ЗЈН спровело технички дијалог, во кој сите заинтересирани економски оператори учествувале со свои предлози и забелешки во изготувување на тендерската документација, и во најголем дел, забелешките и предлозите на ЕО кои учествувале во техничкиот дијалог, биле прифатени и инкорпорирани во Тендерската документација.

„Во самата постапка беа поднесени понуди од страна на 8 понудувачи. Согласно Извештајот доставен од стручните лица, како и врз основа на евалуацијата на останатата документација со која се утврдува способноста на понудувачите, Комисијата за јавни набавки, со цел ниеден понудувач да не биде ставен во понеповолна положба или неосновано да биде отфрлен од евалуација, до сите понудувачи во чии понуди недостасуваше или беше недоволно објаснета документацијата, преку ЕЈСН достави барање за дополнување/појаснување на документацијата. Во законски утврдениот рок сите понудувачи доставија или дадоа појаснување на бараната документација, која Комисијата ја утврди како валидна и ги оцени понудите на понудувачите како прифатливи, по што истите беа поканети на е-аукција.

По спроведената е-аукција, а согласно спроведената евалуација на Комисијата за јавни набавки, како и стручните лица ангажирани во постапката, Комисијата изготви и до одговорно лице на Министерството за здравство достави Извештај за спроведена постапка, во кој даде свое образложение и предлог за избор на најповолна понуда, врз основа на што одговорно лице донесе Одлука за избор на најповолна понуда.

Пред доставување на Одлуката до сите понудувачи, Бирото за јавни набавки спроведе Управна контрола, врз основа на која до ДО достави Записник од спроведена управна контрола бр. 17-125/3 од 28.01.2021 година, во кој се утврдени недостатоци при спроведување на постапката, и во кој се наложува на ДО да спроведе повторна евалуација на понудите. Договорниот орган не сомневајќи се во стручноста и објективноста на Бирото за јавни набавки како орган кој е надлежен за изготвување на сите законски одредби од областа на јавните набавки, одлучи да ги прифати забелешките и да постапи според нив. Напоменуваме дека при повторна евалуација, Комисијата за јавни набавки во целост постапи по препораките дадени во Записникот од управната контрола и врз основа на истите беше извршена повторната евалуација.

Врз основа на повторната евалуација направена врз основа на препораките од Записникот од управна контрола, беше изготвен Извештај од спроведена постапка и врз основа на истиот одговорното лице донесе Одлука за избор, врз основа на што од страна на три понудувачи беше поднесена жалба. Од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки беа донесени Решенија со кои постапката ја враќаат на повторна евалуација. Повторната евалуација на понудите се уште е во тек и од страна на МЗ нема донесено никаква одлука за избор или поништување, што значи постапката се уште не е завршена, однсоно е во тек“, потенцираат од Министерството за здравство. 

Ова следува откако пратеникот Антонио Милошоски денеска на пресконференција објави документи од кои, како што рече, може да се види дека наместо на Заев и Филипче приоритет да им биде набавка на вакцини, ним приоритет им било да местат тендери.

Тој обвини дека власта наместила тендер за набавка на томографи за две болници  во земјава, во Кавадарци и Гевгелија. Милошоски оваа афера ја нарече „коруптографија“ и образложи дека двете набавки на томографите ги добила една фирма и тоа за 15 милиони денари повисока цена, откако бил поништен тендерот со што биле елиминирани другите учесници на јавната набавка.

Тој ги повика истражните органи да ја истражаат оваа сомнителна јавна набавка во која томографите за двете болници биле набавени за многу повисока цена, иако фирмата што ги добила понудила многу пониска цена на тендерот пред да биде поништен.

„Набавката за томографија се претвора во нова афера наречена коруптографија на министерот за здравство, а се однесува на болниците во Кавадарци и Гевгелија. И еве кој бил вистинскиот приоритет на министерот Филипче додека трае драмата за набавка на вакцини, зад завесата се случува уште еден сомнителен тендер овој пат со набавка на томографи за потребите на двете споменати болници Кавадарци и Гевгелија. Она што е драматично воочливо е  што се поништува првиот пат јавната набавка на томографи, се елиминира конкуренцијата од преостанатите 7 фирми  преку нарачана интервенција на Управата на Бирото за јавни набавки и двете набавки ги добива само една фирма. Разликата е во тоа што првиот пат цената на чинење на тендерите за два томографи е 21 милион денари, а по поништувањето вториот пат тендерот чини со томографите и составните елементи 36 милиони денари. Односно 15 милиони денари повеќе за истите томографи, за истата набавка, но овој пат само со една фирма во игра која што го добива монополот“, рече Милошоски. 

Наместо на Заев и Филипче приоритет да им биде набавката на вакцини во  декември минатата година и во февруари оваа година, приоритет им била набавката на томографи, поништување на тендер за да го добие фирма со зголемена цена од 15 милиони денари, вели Милошоски.

„За да биде сомнежот поголем фирмата која што на вториот тендер ги добива двата томографи самата учествувала на првиот тендер со пониски цени. Се работи за фирмата Кубус Медикал која што според јавно достапни информации во изминатите три години од Министерството за здравство има добиено тендери во висина од прилика од 5 милиони евра“, речер Милошоски. 

„Имено за што станува збор, министерството за здравство распишува јавна набавка за апарати за томографи за Кавадарци и Гевгелија, при што победник на првиот тендер е предвидено да биде оној правен субјект кој што ќе понуди најниска цена. Вкупната сума за двата апарати изнесува 36 милиони денари, вкупната предвидена цена. Учествуваат 8 компании во првиот натпревар во декември  2020 година, победник за набавката на едниот апарат е КУБУС МЕДИКАЛ со понуда од 8.500.000 денари, а втората набавка ја добива другата компанија со понуда од 12.400.000 денари“, вели Милошоски.

Ова се случува ден пред Нова година, додаде пратеникот, а потоа интервентен упад прави Управната контрола на Бирото за јавни набавки, ја поништува јавната набавка наводно заради не поднесени Ц сертификати од страна на сите компании, а не им дава никаков рок на компаниите да го обезбедат овој Ц сертификат кој многу лесно се добива доколку се укаже дека е потребно да се корегира документацијата.

„На втори февруари ова година повторно се организира нова јавна набавка при што власти укажуваат дека единствено право за учество на двата тендери има само компанијата „ Кубус Медикал “ . Овој пат за истите томографии за кои и првиот пат „Кубус Медикал“, ги понудила за цена од осум ипол милиони денари, вториот пат ги понудува по цена од дванаесет милиони и четиристотини илјади денари. И вториот томограф исто така е набавен за шестнаесет милиони денари, односно за речиси пет милиони денари поскапо по однос на првото наддавање. Се набавуваат и два составни делови на овие томографи коишто чинат два милиони и четиристотини илјади денари и разликата е во тоа што првиот пат во тендерот цената на чинење била дваесет и еден милион денари, а по поништувањето на овој тендер, вториот пат за истите томографи, државата преку министерството за здравство плаќа триесет и шест милиони денари, односно петнаесет милиони денари повеќе“, рече Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица