26 Април, 2024
0.0285

ИМАМ ИЗБОР: ЗАТВОР ИЛИ ДА СТАНАМ УБИЕЦ - некои бегаат, а некои не можат да побегнат од мобилизацијата на Путин

Објавено во: Свет 25 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Многу мажи се обидуваат да ја напуштат Русија поради страв од мобилизација. ДВ разговараше со некои што си заминаа последниве денови, и со оние што останаа.

Според Министерството за одбрана, воен рок чекаат триста илјади лица помлади од 55 години, а само оние кои веќе отслужиле војска.

Домашните медиуми јавуваат дека се јавуваат и постари лица, но и оние без воено искуство. Критичкиот весник Новаја Газета Европа дури тврди дека Кремљ планира да повика до милион војници. Гласините се сеприсутни. Кремљ негира, но луѓето се во неизвесност.

- Не е дека се плашам. Ако сакаат, ќе не фатат секого - резигнирано вели Михаил Бајанкин (28), магационер од Череповец. Тој тврди дека ќе одбие да оди во војна, дури и ако тие дојдат по него.

- Зборуваат за должност. Која должност? Би отишол доколку ја нападнеа нашата земја, но еве ние напаѓаме соседна земја - изјави Бајанкин за ДВ.

Тој вели дека за руските власти човечките животи не вредат ништо.

- Не праќаат на фронт, а не им е грижа дали ќе се вратиме. Ние сме само топовско месо за нив.

Се чини дека многу луѓе размислуваат на ист начин. Очевидци и видеа говорат за долги редици на границите. Кој нема виза, вози во Грузија, Казахстан или Монголија. Кој има пари оди во Обединети Емирати или Турција. Се бараат и Финска и Србија.

34-годишен инженер од Краснодар, кој побара да остане анонимен, штотуку пристигна во главниот град на Грузија, Тбилиси. Претходно тој беше договорен војник и со тоа имаше поголеми шанси да биде мобилизиран.

Тој за ДВ вели дека веќе сака да си замине, а мобилизацијата само ја забрзала одлуката.

- Не ја напуштив мојата земја засекогаш. Ја сакам Русија и сигурно ќе се вратам еден ден – вели тој.

Валери Клепкин (43) до пред два дена живеел на северот на Русија и служел во полиција. Тој вели дека од почетокот на војната добил неколку повици од военото одделение, но не отишол.

- Јас сум резервен офицер. Не сакав повеќе да чекам бидејќи тогаш ќе имав само избор да одам во затвор или да станам убиец - вели тој за ДВ.

Со првите вести за мобилизацијата, Клепкин си ги спакувал работите и заминал во Финска каде има многу пријатели. Тој вели дека веќе го знае јазикот бидејќи неговиот дедо живеел во Финска.

Затворени патишта

Патот кон балтичките држави е затворен. Лидерите на Естонија, Летонија и Литванија најавија дека Русите треба да останат во својата земја и да се борат против режимот на Путин. Така е и во Чешка. Финска, од друга страна, би можела да го затвори транзитот за Русите.

Рускиот опозициски политичар Лев Шлозберг ги критикува ваквите одлуки. Тој во интервју за ДВ ги повика балтичките и источноевропските земји да попуштат пред сопствените десничарски популисти и да подигнат нова железна завеса.

- Порано или подоцна сите повторно ќе живееме во мир. И колку е поголем јазот меѓу нас сега, толку потешко ќе биде повторно да се зближиме – изјави Шлосберг.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни