17 Мај, 2024
0.0263

„Independent“: Еден од најпопуларните пестициди во светот веројатно предизвикува рак

Објавено во: Стил 22 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Еден од најпопуларните пестициди во светот, кoj широко се користи во САД, веројатно предизвикува рак, смета Светската здравствена организација, пишува „Independent“.

Заводот за борба против ракот на СЗО објави дека препарат „раундап“, произведен од компанијата „Монсанто“, содржи активни состојки кои се „класифицирани како веројатно канцерогени за луѓето“.

Градинарите- аматери, како и професионалните фармери се предупредени да „размислуваат многу внимателно“ пред  употреба на хербициди.

Според извештајот на СЗО, супстанцијата глифосат што се содржи во препаратот е „веројатно канцерогена за луѓето“, освен тоа постојат „ограничени докази“.

Од „Монсанто“ велат дека податоците на научниците не ги поддржуваат заклучоците во извештајот на СЗО и повикаа на итен состанок со цел објаснување на откритијата.