05 Мај, 2024
0.0278

ИНФЛАЦИЈАТА ВЛЕЗЕ НИЗ ВРАТАТА НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ: Договор за бодот ниту на повидок!

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Високата инфлација во земјава длабоко го нагриза џебот и на матичните лекари, а од најавата дека ќе има покачување на капитациониот бод, нешто за што матичните лекари протестираа пред извесен период нема ништо. Во разговор за Фактор, претседателката на Здружението на приватни матични лекари (ЗПМЛ, д-р Лидија Чолакова ЦДервишова вели дека досега одржеле две големи средби со претставници од сите релевантни институции, како од Министерството за здравство, така и од Фондот за здравствено осигурување, но нема никаков конкретен договор за зголемување на капитациониот бод.

-За се е разговарано, но нема конкретен документ и нема реализација на барањата. Капитациониот бод последен пат беше покачен пред три години и тоа од од 55 на 63 денари. Во услови кога инфлацијата секаде во светот, па и кај нас зема силен замав, тешко е да се издржи секојдневието. Миграцијата од местото на живеење до местото на работа е вообичаена кај огромен број матични лекари. Жиевее во Прилеп, а патува на пример до Македонски Брод. , Живее во Велес, а оди на работа во ординацијата во Новаци. И така е секој ден, асе поминуваат километри и километри. Само за гориво не им стигнува на овие матични лекари. Така што, за жал можам да констатирам дека инфлацијата не тропна, туку наеднаш влезе низ вратата на матичните лекари, посочува д-р Дервишова.

Истовремено посочува дека поради низата проблеми доведено е во прашање примарното здравство кое е од исклучително значење за пациентите.

-Наместо да одиме напред, ние со години тапкаме во место. Хипотетички, и да се случи покачувањето на 75 денари од 1. јануари 2023 година, ние тоа ќе го видиме на нашите трансакциски сметки дури во април. Но, велам нема да се случи, бидејќи ништо не е дефинирано. Прашање е како ќе се помине зимава. Само за греење на ординациите колку пари одат и нормално е во такви услови пред затворање да бидат голем број амбуланти. Лекарите едноставно не може да го издржат финасискиот товар. Од друга страна, најпогодени ќе останат пациентите, кои од вакви причини ќе останат без матичен лекар и ќе мора да патуваат до најблиското населено место каде што има лекар, ако е можно да ги преземе. Тоа е еден поврзан ланец заради што проблемите уште повеќе ќе се продлабочуваат. Не знам кога надлежните ќе имаат слух и кога ќе почнат да ги реализираат барањата, вели д-р Дервишова.

Смета дека е крајно време Мнистерството за здравсто и надлежните институции да најдат системски и трајни решенија заедно со Фондот за здравствено осигурување и да воведат измени во вреднувањето на капитациониот бод, како и дополнителни мотивациски финансиски средства поволни за нови концесионери каде што недостигаат.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи