30 Април, 2024
0.0385

Инспиративно видео за животот на Меси - Од тешко болно дете до фудбалски бог

Објавено во: Стил 03 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Фудбалската ѕвезда Лионел Меси доминира на терените во Шпанија и Европа со неговата Барселона освојувајќи огромен број на титули и индивидуални признанија. Сепак, неговата приказна е многу подлабока од тоа што сега се гледа на терените. Меси пораснал во скромно аргетинско семејство кое не можело да ги плати лекарските трошоци за неговиот хормонален третман. Меси бил многу болежлив и имал недостиг на хормони за раст кои не му дозволувале правилно да се развива. Сепак, моќната Барселона го препознала неговиот талент и решила да му ги плати болничките трошоци, па тој заедно со семејството се преселил во Шпанија. Сега Меси се ожени со Антонела неговата долгогодишна љубов и низ сите овие години ја задржа својата скромност.