Институциите суспендирани - ЕУ сама ќе ги дели парите
Објавено во: Економија 21 Септември, 2016
Со најновиот повик вреден три милиони евра за прекугранична соработка со Албанија, сите заинтересирани кои имаат проекти, ќе склучуваат директни договри со канцеларијата на ЕУ во Скопје.
„Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе има улога на единствен договорен орган и нашата организација ќе ги потпишува договорите со оние кои добиле грант на повиците. Сакаме да видиме добри и убедливи предлози кои се остваруваат во вистинските насоки и имаат потенцијал за зајакнување на врските помеѓу општините, бизнисите и организациите. Врз прекуграничната соработка влијаат комплексни средини како администрација,политика, правни и слични нешта. Проектите треба да ги надминат тие пречки“- рече Самуел Жбогар – евроамбасадор.
Иако на промоцијата на повикот беа и македонските министри, не беше дадена
можноста за поставување на прашања, па со тоа остана неодговрорено дали
заобиколувањето на македонските институции при делењето на парите, е уште една
порака на Унијата за тоа како се трошени европските пари во Македонија. Министрите
присуството го искористија само за да се пофалат.