15 Мај, 2024
0.0369

Интел и Лејди Гага се здружија за неверојатно музичко искуство на педесет и осмото издание на годишните GRAMMY® награди

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Интел корпорацијата и номинираната за награда од академијата, шест-кратната добитничка на GRAMMY® награди, глобалната музичка икона Лејди Гага обезбеди музичко искуство налик ниедно друго на 58-мите годишни GRAMMY® награди, кои беа пренесувани во живо на CBS. Додавајќи на уникатниот артистички стил на Лејди Гага иновативни технологии од Интел, оваа соработка резултира со диверзитет и повеќеслојно оддавање почит на музичката легенда. Овој перформанс ја демонстрираше моќта на технологијата за издигнување на можностите на артистот за креирање на неверојатно искуство на сцената како никогаш досега.

„Јас сакам да правам работи што ја интегрираат технологијата со уметноста и моќните искуства,“ рече Лејди Гага. „Јас мислам дека оваа соработка со Интел беше различна од се што сум правела досега. Тие навистина ми дадоа толку многу неверојатна технологија за јас да си играм со неа.“

            Пионерски момент за гледачите на GRAMMY и фановите низ целиот свет, перформансот вклучи Интел технологии за да се донесе во живот визијата на Лејди Гага за еден навистина достоен и незаборавен начин за славење на животот и кариерата на легендата. Со зачудувачки визуелни и интерактивни содржини кои одговорија во реално време на секое движење и команда на Лејди Гага, комбинираниот тим зеде невидени ризици во оваа изведба во живо со цел уметникот да е способен да се изрази себеси во една нова димензија.

            Во соработка со технолози од Интел и креативниот тим на Лејди Гага, специјален хардвер напојуван од Intel® Xeon®, Intel® Core™ и Pentium® процесори се задоволуваа високите потреби на високи перформаси за кореографија на осветлувањето, аудио и проекциски системи во перфектна хармонија со Лејди Гага.

Иновативните технологии претставени пред фановите направени уникатно за овој перформанс вклучуваа:

Digital Skin – „Анимиран лик“ беше разработен за Лејди Гага што и овозможи да добие повеќе легендарни изгледи во секоја изведба во реално време, за неверојатни ефекти. Најсилните процесори на Интел беа користени за време на развививањето на овој дел од перформансот, прецизно следејќи ги нејзините лицеви движења, додека дигиталната „шминка“ беше адаптирана и покажана на неа инстантно користејќи проектор напојуван од шестата генерација Intel Core processor – базирандесктоп.

  • Interactive Video – Лејди Гага можеше да контролира како ќе изгледа на прекрасниот и огромен ЛЕД ѕид. Нејзиниот прстен базиран на Intel® Curie™модул генерираше ефекти во реално време во склад со нејзиното ротирање и ги анимираше зглобовите и рацете, додека медиа сервери базирани на Intel Xeonпроцесори генерираа содржини во живо.
  • Robotics – Убавото „rose gold“ пијано на Гага оживеа со помош на три роботски раце напојувани од Intel® Atom™процесори и танцуваа како едно со што се додаде неочекуван ефект во движењето на традиционалниот инструмент кој не се движи.
  • Interactive Holograms – Иновативна комбинација на нејзиниот прстен базиран на Intel Curieтехнологија и материјали за холографски дисплејбеа користени за да и овозможат на Лејди Гага да генерира прекрасен три-димензионален холограм од музичката легенда.

„Интел е на пат да креира и споделува неверојатни искуства што нашата технологија може да ги овозможи“, рече Стив Фонд, постар заменик претседател и главен маркетинг директор на Интел. „Оваа претстава постави нови граници за музика во живо и е голема пресвртница за Интел и Греми.“

“Со музика и технологија, беспрекорно испреплетени, партнерството на Греми со Интел претставува совршено усогласување“, додаде Еван Грин, маркетинг директор на The Recording Academy. „Визијата на Интел беше да се донесат во живо музички искуства на ниво кое никогаш порано не беше возможно, а по вечерашната извонредна, уникатна изведба, оваа амбициозна цел секако беше постигната.“

За повеќе информации посетете www.epklink.com/intelgaga.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти