21 Октомври, 2021
0.0822

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2021

Најчесто штедењето е нешто што го препуштаме на иднината - ќе почнеме да штедиме кога ќе го отплатиме кредитот, или откако ќе добиеме покачување на плата или откако ќе се намалат некои трошоци. Но, тоа не мора да биде така, всушност секој од нас може да започне со штедење веднаш, вели Марина Ѓурѓовска, директор на секторот за физички лица на ПроКредит Банка. Во месецот посветен на штедењето зборуваме за сите аспекти на штедењето корисни за граѓаните.

Ѓурѓовска, во земја во која повеќе се разговара за подмирување сметки, долгови, кредити, дали може да зборуваме за култура на штедење?

Ѓурѓовска: Култура на штедење пред се е начин на размислување. А на тоа секако може да се влијае. Повеќето луѓе не штедат, бидејќи мислат дека немаат доволно пари за да заштедат. Најчесто штедењето е нешто што го препуштаме на иднината- ќе почнеме да штедиме кога ќе го отплатиме кредитот, или откако ќе добиеме покачување на плата или откако ќе се намалат некои трошоци. Но, тоа не мора да биде така, всушност секој од нас може да започне со штедење веднаш.

Дали може да ни споделите кој е најдобар и најлесен начин да се почне со штедење?

Ѓурѓовска: Навиката за штедење се базира на три главни постулати: За штедење не постои мининален износ, штедењето се прави редовно како плаќање на сметки, и штедењето треба да е што е можно поавтоматизирано.

Звучи доста едноставно, ќе може ли да ни дадете повеќе детали околу овие три постулати, за да знаеме дека сме на правиот пат до можеби првата заштеда?  

Ѓурѓовска: Не постои минимален износ за штедење, значи дека по кратка анализа на вашите трошоци, кои се однесуваат на вашите потреби и желби, треба да одредите износ, кој сметате дека и покрај потребите и дел од желбите, би можеле да го ставите на страна од месечните трошења. Предлагаме да започнете со поголем износ, па да го намалите ако забележите дека на крајот од месецот сепак сте кратки за одредени трошоци. Важно е откако ќе одлучите за износот дури и да е мал, и истиот износ да ви остане како навика и во следните месеци.

Штедењето треба да се прави редовно како плаќање на месечните сметки, односно значаен фактор кој влијае на штедењето е дисциплината. Тоа би значело да не избегнуваме да издвојуваме месечно заштеда и покрај тоа што некои месеци изгледа дека трошоците се значајно повисоки. Дури и со мали незначителни износи, кои се издвоени на страна од Вашата сметка од каде секојдневно правите плаќања, по одреден период ќе забележите акумулиран износ со кој ќе се гордеете.

Штедењето треба да е што е можно поавтоматизирано, значи дека што помалку треба да мислите на штедењето откако ќе решите да штедите и ќе одлучите за износот кој ќе го издвојувате месечно. Тоа може да го правите со траен налог кој од вашата сметка ќе ги префрла парите на ваша штедна сметка. Штедната сметка е сметка која не може да ја намалувате со секојдневни трошоци. Штедната сметка во банка изгледа како издвоено сигурно место, каде имате секојдневен увид на салдото, но не можете истото да го трошите со вашата картичка.

Споменавте штедна сметка, а тоа е познатото штедење по видување, дали е тоа единствен начин да се штедат парите во банка или има  други начини или услуги кои ги нудат банките?

Ѓурѓовска: Воглавно сите депозитни продукти кои се нудат на пазарот во нашата земја, на крјаот се сведуваат на нашите два – штедење по видување или орочени депозити, се друго се варијанти со минимални разлики кои ние, како банка сметаме дека можат да направат и конфузија кај клиентите.

Штедењето по видување кај нас е претставено преку Флекси штедната сметка. Тоа претставува отворено штедење со можност за неограничени дополнувања или користење на средствата доколку клиентот има потреба. Нема план на вложувања, износи или рокови. Клиентот ја има максималната флексибилност согласно својата определба да управува со своите депозити и тоа го прави дигитално преку електронско или мобилно банкарство. Клиентите го препознаваат како погоден начин за штедење секогаш кога настојуваат низ редовни месечни издвојувања, одлучно и дисциплинирано да одделуваат дел од приливите, плата, хонорар, пензија и да ги акумулираат на штедната сметка. Со една таква навика за определен период може да се акумулира и значајна сума на штедна сметка. На пример ако секој месец по 5.000 денари префрлуваме на штедна сметка, за една година ќе има најмалку 60.000 денари, а за 5 години најмалку 300.000 денари.

Флекси штедната сметка е составен дел од сетот на банкарски услуги, кој го има секој клиент физичко лице на Банката. Тоа е така затоа што веруваме дека со малку одлучност, поттик од наша страна и домаќинско однесување секој може да штеди. Каматните стапки од 0,8% за денари и 0,4% за евра на флекси штедна сметка се доказ дека банката навистина настојува да поттикне негување на навика на штедење кај граѓаните, затоа што ова е највисока камата на пазарот веќе подолг период, а некои од банките веќе и го укинаа овој продукт во својата понуда.

Орочениот депозит, значи дека во даден момент клиентот и банката прават договор за дефинирана сума на пари, дефиниран рок од 1,2,3 год и фиксна камата. Се претпоставува дека клиентот ќе го испочитува договорот и ќе си ја земе договорената камата, која впрочем се исплаќа на месечно ниво. Вообичаено од наше искуство, за орочен депозит се одлучуваат клиенти, кои со голема доза на сигурност знаат дека во периодот за кој ги оставаат средствата 1,2,3 год истите нема да им требаат. Сепак, доколку клиентите имаат потреба од нив, можат во секој момент да го прекинат орочувањето.

Секако за да го понудиме најсоодветниот штеден прозвод, прво разговараме со клиентите за да го разбереме нивниот мотив, планови за иднина, месечните примања и сл. Имајќи ја предвид нашата советодавна улога, но и едноставните депозитни производи со транспарентна цена, може да заклучите зошто клиентите преферираат да штедат во ПроКредит Банка.

Што друго е важно да знаат штедачите кога одбираат банка за штедење?

Ѓурѓовска: Она што штедачите треба да го знаат кога одбираат банка на која ќе ги доверат своите заштеди е дека со депозитите банката финансира инвестиции на своите бизнис клиенти. Изборот на најдобрите бизнис клиенти значи и висококвалитетно кредитно портфолио, односно дека банката со голема вниматеност, детални кредитни анализи и цел систем на управување со ризик ги поддржува различните инвестиции.

ПроКредит Банка е единствената банка на пазарот која поседува кредитен рејтинг од меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, која и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг ’’БББ-‘’ и има највисок рејтинг што една компанија може да го има во рамки на С. Македонија. Германска банка сме, со 100 % германски капитал и сме под контрола и мониторинг на Народна Банка на РСМ, но и на Бафин регулатор од Германија.

Она што граѓаните исто така треба да знаат кога бираат банка за штедење на нивите пари е дека со нивните депозити банките може да поддржуваат инвестиции кои не се во сголасност со нивните лични вредности и убедувања, како силно користење на фосилни горива во своето работење, производство и трговија со оружје и други сектори кои влијаат на загадување на природата.

ПроКредит банка континуирано прави оцена на ризикот за животната средина, преку проверка на секоја поединечна инвестиција која ја поддржува. Секоја инвестиција која не е во согласност со нашите високи критериуми за заштита на животната средина ние не ја поддржуваме.

Ние како Банка, во месецот на штедење може да  ветиме дека и понатаму посветено ќе работиме на градење на култура на штедење меѓу граѓаните, нудејќи им практични, лесно разбирливи депозитни производи со атрактивни камати и високвалитетна професионална услуга. 


ПР Објава


Можеби ќе ве интересира

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови