19 Мај, 2024
0.0314

Интервју Христов: Супер купот нема да смени ништо ако сами не се смениме

Објавено во: Македонија 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

На денот на одигрување на Супер купот на УЕФА на националната арена во Скопје разговараме со легендата на мак фудбалот Ѓорги Христов од кого побаравме стручен коментар за тоа кој има поголеми шанси да биде апсолутен владетел на Европа, Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед. Нема никакви сомнежи дека ова е најголемиот фудбалски, но и воопшто спортски спектакл во македонската историја, но дали тој може да се искористи како моментум за подобрување на македонскиот фудбал каде навивачите со години очекуваат поголем успех.

Фактор: Какви се вашите прогнози за натпреварот Реал Мадрид - Манчестер јунајтед кој ќе се игра во Скопје, кој има според вас поголеми шанси да го освои Супер купот?

Христов: Лично според мене поголем фаворит е екипата на Реал Мадрид, освојувачите на Лигата на шампиони, иако ќе настапат без главната ѕвезда и лидер Кристијано Роналдо. Според мене Реал е фаворит поради офанзивниот стил што го применува. Иако е финале и официцијален натпревар многу поважно за екипите ќе биде постигнување на посакуваната форма, па ова ќе биде одлична можност за нивно загревање за претстојната сезона во Лигата на шампиони.

Фактор: Ова ќе биде голем тактички судир на легендата Жозе Мурињо кој веќе се докажа како еден од најдобрите тренери, но и на ефикасност на Зинедин Зидан, кој според вас ќе ја добие тактичката битка?

Христов: Ова е финале, но како што кажав повеќе има симболичен карактер, па така и кај двете екипи ќе има поголема опуштеност. Предност има кај Зинедин Зидан со неговата офанзивна и напаѓачка тактика со отворен фудбал, но од друга страна Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо знае да се брани и да игра на резултат. Да беше финале тактиката ќе играше многу поважна улога, вечерва најверојатно пресудна ќе биде моменталната мотивација кај фудбалерите.

Фактор: Ако ја тргнеме стручната анализа на страна дали може да ни откриете кој тим е ваш фаворит и за кого ќе навивате?

Христов: Знаете, имам малку измешани чуства, го сакам Манчестер Јунајтед бидејќи своевремено настапував во Премиер лигата и имам симпатии кон нив но, не и на играта која ја наметнува Мурињо со деструктивниот фудбал. Значи навивам за „Црвените ѓаволи“ но, се восхитувам на тактиката и пристапот на Зинедин Зидан.

Фактор: За прв пат ќе имаме можност да ги гледаме овие клубски гиганти на теренот во Скопје. Што тоа ќе значи за фудбалот но, и спортот во Македонија. Може ли од овој момент да почнеме да градиме една нова слика и да продолжиме со позитивниот тренд кој се надеваме дека конечно ќе ни донесе и на нас поголеми успеси во фудбалот?

Христов: Од овој натпревар лично сметам дека нова страница не може да свртиме, ние сме само домаќини, но како држава настанот е фантастичен и е шанса да се покажеме во добро светло и да приредиме еден фудбалски спектакл. Сепак, не верувам дека само Супер купот може да биде мотив за подобрување на состојбите со македонскиот фудбал, особено не со начинот на кој работи сегашното раководство. Фудбалот е јавна работа, потребни се посветени и квалитетни професионалци, големо вложување, како финансиско така и персонално за да постигнеме подобри резултати.

Фактор: Со оглед дека и вие имате богата фудбалска кариера ве побараа ли пријателите од фудбалските терени каде некогаш настапувавте за ако ништо друго барем заедно да го погледнете Супер купот во Скопје?

Христов: Во последниот период добив доста повици од моите фудбалски пријатели од секаде, а постојано ме бараат и новинарски екипи за мислење за Супер купот. Сепак, кај мене има мала горчина бидејќи истиот однос не го добивам од домашната фубалска федерација што се должи пред се на мојот критички однос и тоа што не молчам за проблемите. Од ФФМ не добив покана за Супер купот, но тоа не ме изненадува бидејќи 5 години не сум добил ни покана да присуствувам на натпреварите на репрезентацијата на која своевремено бев капитен. Секако, не е никаков проблем да купам карти за мене и моите гости, но поважен е самиот гест и однос.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“