11 Март, 2025
0.0318

ИНТЕРВЈУ Игор Антевски, „Enta Seal“: Градиме повеќе од станови, градиме домови!

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

“Project K” е луксузен резиденцијален комплекс изграден на самиот Кеј на Вардар, кој го сочинуваат апартмани и станови сместени во два објекта во месноста Криви дол, во Општина Карпош, Скопје. Местоположбата на комплексот е внимателно одбрана за максимално да се искористи една фантастична локација, која што е толку близу до центарот на градот, а далеку од вревата и градскиот метеж. Повод за разговор со директорот на „Enta Seal“  Игор Антевски.

Во градежниот сектор во изминатите неколку години владее вистинска експанзија. Колку време сте присутни како компанија на нашиот пазар?

Антевски Како компанија Enta Seal на македонскиот градежен пазар е присутнa од 2007 година, под името Алеант, добро позната компанија за градежништво која во текот на своето десет годишно работење има изградено голем број на станбени и деловни објекти. Својата професионалност и квалитет покрај на домашниот пазар во овие десeт години ја докажавме и покажавме и надвор од Македонија, работејќи на неколку објекти во Хрватска, Албанија и Бугарија. Сведоци сме на една голема конкуренција во овој сектор. Што е она што Enta Seal го одвои од останатите градежни компании? АнтевскиПроектот Enta Seal и комплексот “Project K” е визија која денес на моја голема радост станува и реалност за простор за домување кој буквално во секоја смисла на зборот ќе биде изграден да му служи на човекот. Работиме според сите светски стандарди за квалитет и безбедност, посветуваме многу внимание на естетиката на просторот но, она што го одвојува Enta Seal од останатите понуди на пазарот на градежништво е пред се големата страст и љубов која јас и мојот тим ја внесовме во реализацијата на овој проект. Што всушност претставува “Project K”? Антевски “Project K” е луксузен резиденцијален комплекс изграден на самиот Кеј на Вардар, кој го сочинуваат апартмани и станови сместени во два објекта во месноста Криви дол, во Општина Карпош, Скопје. Местоположбата на комплексот е внимателно одбрана за максимално да се искористи една фантастична локација, која што е толку близу до центарот на градот, а далеку од вревата и градскиот метеж. Комплексот е сместен на површина од околу 7000м2, со непречен поглед и непосредна близина на реката Вардар. Позади објектот се наоѓа зелен појас -шума. Комплексот е во вкупна површина од околу ЗОООм2, а останатиот дел од парцелата се обликувани во вид на парк со патеки, зеленило, фонтани, летниковци и детски игралишта - кои се на располагање на сите жители на комплексот, a со цел да се претвори живеењето во објектот пријатно, a престојот во домот да го претвори во врвно искуство. Кои се техничките карактеристики на објектот? Антевски Секој апартман има сопствено греење и ладење изведено со вентилаторски конвектори така што овозможуваат максимална заштеда на електрична енергија. Ова е изведено со користење на подземните води, со што не само што се допринесува во еколошката издржаност на целиот објект, туку и обезбедува максимална заштеда на електрична енергија.Просторот е осмислен така да може да се вклопи во модерниот начин на живот - предвидени се сите можни технички и технолошки барања на клиентите за да може без проблеми да се ужива во индивидуална температура на становите, приклучоци за интернет, кабелска телевизија, аудио опрема и слично, без видливи кабли кои би ја нарушиле естетиката на просторот. Во овој технички најсовремен простор за живеење, предвидени се модуларни електрични приклучоци. Внатрешните врати се со модерен дизајн, обложени со природен фурнир и магнетни брави. Кои се клиентите на Enta Seal? Koj ќе живее во овие станови и апартмани? Антевски Главното мото по кое се водиме е “Градиме повеќе од станови. Градиме домови”. Затоа “Project K ” има целна група на луѓе кои ја почитуваат и сакаат топлината која ја дава домот но пред се луѓе кои се грижат за сопственото здравјето на нивното семејство. Интересот за становите е навистина голем, а во нив ќе живеат луѓе кои што точно знаат што сакаат, живеат модерно и динамично и сакаат домот да претставува нивна оаза за одмор од стресот на секојдневното живеење, а токму тоа ќе им го овозможат овие апартмани/станови и животот покрај река.

Можеби ќе ве интересира

„КИВАМ ПО 100 ПАТИ, ОЧИТЕ ПЕЧАТ, НОСОТ ЗАПУШЕН“: Алергиите во рана пролет стануваат неподносливи

„КИВАМ ПО 100 ПАТИ, ОЧИТЕ ПЕЧАТ, НОСОТ ЗАПУШЕН“: Алергиите во рана пролет стануваат неподносливи

СДСМ ДА СЕ ОГРАДИ ОД НАВРЕДИТЕ ИСКАЖАНИ ОД ПЕНДАРОВСКИ КОН ТРАМП: Милошоски со апел до опозицијата

СДСМ ДА СЕ ОГРАДИ ОД НАВРЕДИТЕ ИСКАЖАНИ ОД ПЕНДАРОВСКИ КОН ТРАМП: Милошоски со апел до опозицијата

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претреси на повеќе локации поради сомнителни набавки на нафтени деривати, уапсени се Јахоски и Капушевски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претреси на повеќе локации поради сомнителни набавки на нафтени деривати, уапсени се Јахоски и Капушевски

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Се намалил и бројот на родени деца

ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Се намалил и бројот на родени деца

ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Се истражуваат кривични дела поврзани со набавка на деривати

ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Се истражуваат кривични дела поврзани со набавка на деривати

УБИЕЦОТ НА ЗЛАТАРОТ ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА: Tврди дека бил под дејство на дрога

УБИЕЦОТ НА ЗЛАТАРОТ ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА: Tврди дека бил под дејство на дрога

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛУТИ НА КОМЕНТАРОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Го нарекоа озборувач

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛУТИ НА КОМЕНТАРОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Го нарекоа озборувач