06 Мај, 2024
0.0284

ИНТЕРВЈУ ПАНЧЕВСКИ: Судот е бастион на граѓаните, мора да го заштитиме!

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Неосновани се забелешките на Брисел дека македонското судство назадува, вели за Фактор Владимир Панчевски. Претседателот на Кривичниот суд  повикува сите кои имаат докази за партизираност на судството или дека некои судии се членови на партија јавно да ги посочат со име и презиме .

„Критиките за работата на Судот  и „пакувањата“ на изјави  од страна на наши домашни  експерти   дека судството е партизирано го сметам  како директен напад  врз судскиот систем и е со цел судската власт во државата да биде урната“,  порачува Панчевски . 

Во врска  со писмото на судиите во кое тие посочуваат дека се револтирани од неговиот однос и начин на кој ја злоупотребува  функцијата,  престедателот на „Скопска Единица“  со став: „Писмото е потпишано со скратени потписи . Не верувам дека постои судија во државава кој што ќе се крие зад скратен потпис и ќе објавува вакви шпекулации и невистини.  Ваквите дејствија се под нивото на  судската власт и надлежните органи . Претпоставувам дека целта не е само мене да ме дискредитираат,  туку  и Кривичниот суд кој постапува по предмети  кои се актуелни “, оценува  во разговор за Фактор  Владимир Панчевски .

Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ 

Фактор:  Како го оценувате  извештајот на ЕК  во делот поврзан за работата на македонското судството,  потребата од одвојување на извршната од судската власт како и негова департизација и дали се согласувате со констацијата на Брисел дека судскиот систем назадува?

Панчевски:  Не сум запознаен дека некој судија  е партиски член на во судството и дека некој судија е претставник на некоја партија.  Доколку има такви влијанија  во изминатиот период следевме секакви интервјуa и јавни дебати  во врска со работата на судовите и судиите. Со слични забелешки за судскиот систем  излезе и претседателот на Врховниот суд .  Ги повикувам сите  кои имаат докази за партизираност на судството или дека некои судии се членови на некоја партија да  излезат слободно  јавно да ги кажат  со име и презиме  кои се тие и нека приложат докази.  Сметам дека треба  да се прекине  во јавноста да се пуштаат шпекулации без аргументи и да се стави крај на ова безумие.

 Фактор:  Вие значи сметате дека забелешките на Брисел во однос на состојбите во судството се неосновани?

Панчевски:  Во однос на  Кривичниот суд апсолутно сметам дека се  неосновани  забелешките. Судиите на овој Суд се избрани од независно тело, во Судскиот совет со години се избираат според исти принцип.  Откако јас сум претседател  се избираат единствено судии  преку Академијата на судии и обвинители. 

Така што не знам со што би била партизирана работата на Судот, а кадрите на овој Суд во последните четири години  се комплетно  променети.  

Како судија,  јас  носам заклучоци и одлуки  исклучиво  врз основа  на аргументи и факти, а не врз основа на искажани изјави и сомнежи.  Критиките за работата на Судот  и „пакувањата“ на таквите забелешки и изјави  од страна на наши домашни  експерти,  нивно толкување  дека судството е партизирано  го сметам  како директен напад врз судскиот систем  и е со цел  судската власт во државата да биде урната.  Судот е последниот  бастион за заштитата на правата на македонските граѓани.

Фактор:  Како го коментирате писмото  испратено  од  судии од Основниот суд до Судскиот совет?

Панчевски:  Во  врска со  писмото на 15 судии станува збор за  едно соопштение објавено пред неколку дена каде што беше цитирана моја изјава  поврзана со работата на Основниот суд. Во  содржината на објавеното писмо  има некакви обвинувања,  во продолжение на истото немаше никакви потписи. Од тоа што видов какви изјави дале во Судскиот совет  писмото е потпишано со скратени потписи.

Не верувам дека постои судија во државава кој што ќе се крие зад скратени потпис и ќе објавува вакви шпекулации и невистини во јавноста со цел да се добие скандалозност и сензационални вести  во врска со работењето на судовите.

 Мислам дека ваквите дејствија се под нивото на  судската власт и надлежните органи . Судскиот  совет и  Советот за утврдување на факти  треба да ги превземат сите можни  акции и да  откријат кој е тој  што стои зад ова?

Фактор: Мислите дека се работи за подметнување?

Панчевски:   Апсолутно.  Имајќи ги во предвид сите настани што се случуваа во изминатиот период кои што се и директен напад врз функцијата претседател на Основен суд Скопје 1,  без  оглед кој ја врши.  Претпоставувам дека целта е да ме дискредитираат,  да го дискредитираат Кривичниот суд кој постапува по предмети  кои се актуелни.

Фактор: Врз основа на што го темелите тврдењето дека уривањето на двата спрат од  зграда во центарот на Скопје каде што еден инвеститорите сте Вие е  неоосновано ?

Панчевски:  Сметам дека е неоснована одлуката на општина  Центар  бидејќи тоа е докажано и потврдено со одлука на Вторстепената комисија.  Уште со започнувањето на градбата на објектот  во Центар  имам дилегирано  овластување  на  мој роднина. Така што  воопшто  не сум инволивиран, а тие што јавно ме прозиваат  преку мојата функција  и мене лично, прашајте како доѓле  до заклучок дека јас стојам зад таа градба.  Самата сопственост на некој објект не значи дека некој е и директно во тоа инволвиран .   


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје