03 Мај, 2024
0.0330

ИНТЕРВЈУ СОЊА ЛИХТ: Македонската влада е преокупирана со желбата да остане на власт!

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Невозможно е да има организирана  криминал без  вклученост на  највлиајтелните политики структури и на луѓето кои ги контролираат клучните сектори  безбедност, полиција, судство.  Во интервју за Фактор Соња Лихт, претседател на Белградскиот фонд за политичка исклучивост предупредува дека регионот треба да има единствена политика кон новиот миграциски бран, пред опасноста од будење на милитантните ќелии на екстремисти и терористи.  

„Земјите од регионот што се дел од балканската рута на ниту еден начин не се одговорни за мигрантите. Ниту тие ја предизвикале кризата ниту се колонизатори, ниту пак се толку богати за да сакаат кај нив да останат овие луѓе,  објаснува  Соња Лихт која е и член на Извршниот одбор на институтот Џеферсон со седиште во Вашингтон .

Разговараше Горазд Чомовски   





Фактор: Можеше ли ЕУ повеќе да стори во однос на мигрантска криза и каде го гледате проблемот што Брисел во однос на овој проблем речиси целосно доживеа  фијаско?


Соња Лихт :Земјите членки  ја потценија кризата. Taa има глобален  карактер, но и самите земјине беа подготвени да се справат со овој предизвик, вклучувајќи ја и Германија. Затоа и сите имаат  вина. Реалноста е дека луѓето кои мигрираат сакаат да останат во некои од западно-европските држави. Најновите податоци на Обединетите нации  покажувааат дека повеќе од 700 милиони мигранти, што значи секој десетти  човек, е во некакво движење, најголем дел од нив се мигранти кои  бараат втор  дом,  што упатува на тоа дека нешто не е во ред со глобалната политика и дека е потребно итно да се направи план како да се реши проблемот. Порано или подоцна  голем дел од мигрантите  ќе тргнат во нов глобален погод.

Фактор: ЕУ се’ уште нема изградено единствена политика во однос на овој проблем, кој доби неочекувани димензии,  а  има сигнали дека во следните месеци би можело да има нов мигрантски бран. Регионот со месеци се соочуваше со мигрантско-бегалската криза. Колку тој е реално подготвен да одговори на овој предизвик?

Соња Лихт: Според моите  проценки,  новиот моигрантски бран би бил  многу поголем о од оној со кои се соочи  Европа и Балканот минатата година .Земјите од регионот се дел од балканската рута на ниту еден начин  не се одговорни за мигрантите. Ниту тие  ја предизвикале  кризата ниту  се колонизатори, ниту пак  се толку богати за да сакаат  кај нив да останат овие луѓе. Државите  кои се дел од балканската рута ќе бидат погодени  од новиот наплив на мигранти и затоа  потребно е сами да се подготват најдобро што знаат  за да ги намалат  шансите од  последиците  врз своите држави . Бидејќи не очекувам  меѓународната заедница во скоро време да најде решение за проблемот со мигрантите, затоа е неопходна  да се интензивира  регионалната сороботка. Раководствата на земјите кои се едел од балканската рута треба да имаат план  како ќе го менаџираат и да привенираат  влез на бегалци кои претставуваат потенцијална опасност од терористички напад.

Фактор: Дали  сеуште постојат безбедносни ризици врз Балканот? 

Соња Лихт: Постојат, но не мислаам дека тоа е најважно.  Најголем проблем  ќе биде ако на  мигрантите се водмат  во земјите од регионот. Меѓутоа, без разлика што мигрантите само транзитираат преку Балканот бидејќи нивна крајна дестинација се западните развиени  земји, сепак,  не  исклучувам  дека дел од нив  би можеле да  останат во Грција, Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска. Затоа   политилчките водства треба сериозно да  си го постават  прашање дали доколку  некои  од бегалците остане во нивната  држава  ќе можат  да ги интегрираат  во општеството. Се покажа дека во Германија многу повеќе мигранти   придонесоа за развој на комапниите . Точно е дека Герамнија е многу поразвиена држава , но ова прашање ќе дојде на дневен ред и кај нас. Сметам дека моменталната состојба на Балканот е многу полоша за разлика од пред пет години. Очигледно застојот во евроинтеграциите, вклучувајќи  ги и евроатланските интеграции, а туку пред се’ мислам на Македонија , доведе до сериозни проблеми. Се разбира тука ја имаме и кризата со мигрантсаката политика како и економската ситуација која исто така не е добра. 

Фактор: Кај западните политичари и аналитичари постои перцепција дека многу проблеми и конфликти во регионот се случуваат заради т.н. „вишок историја“. Дали сте оптимист дека доаѓа време кога регионот ќе ги демантира со вишок соработка, разбирање и култура?

Соња Лихт: Сите отворени прашања, покрај тоа што се наследени  од минатото стануваат се посеризони, се поотворени , подлабоки . Една од причините е и  поради  забавеена европската интеграција  на земјите од регион . За жал, Декларацијата од Солун во 2003 година  со која  се предвидуваше  дека целиот Балкан ќе стане дел од ЕУ многу бавно се реализира, речиси е и замрзната. Европа е  во сериозна криза и интерграцијата на земјите од балканот не е приоритет . ЕУ нема  ниту време да се занимава  со внатрешните проблеми на земјите аспиранти за членство , затоа  земјите од поранешна  Југославија  мораат сами да ги  решаваат отворените прашања. Не може да се очекува дека некоја трета страна  ќе помогне во намдинување на проблемите меѓу соседите.  

Потребен е многу поголем и  посериозно  ангажман на политилте елити  кои  се најодговрони за  состојбите во своите земји.

Што се однесува  на Македонија , смета дека Владата  во Скопје  многу повеќе се занимава со своиоте парциални интереси , меѓудруго и да останат и што подолго да се одржат на валст, но многу помалку  водат грижа за  интересите и потребите на граѓаните. Премостување на отворените прашања меѓу соседите е во интерес на секој граѓанин, затоа што нема опстанок , нема развој, а нема  ниту демократија во  државите без решавање на соседските проблеми.  Не може Балканот да оди напред ако се соочува со внатрешпни политички нестабилност, и ако не ги решаваа прашањата со соседите. Тоа се однесува и за Македонија и за Грција, а истото  важи и за Србија, Косово, за Србија и Хрватска тоа важи и за Босна и Херцеговина .Иако  Словенчко –хравсткиот спор  се гтретирапше за  мал проблем,  сепак беше сериозна пречка за властите во Загреб да ги зпаочнат преговроите со ЕУ.  Ние во регинот мораме многу подоговорно да пристапиме во решавање на сопствените проблеми затоа што се многу мали шансите некој друг да се анагажиран  и да ги решавапроблеми на некој друг  .

Фактор:  Како гледате  на случувањата на македонската политичка сцена ?

Соња Лихт: Македонија е  многу  значајна за  развојот, мирот и стабилноста на Балканот . Таа на почетокот на 90тите  години  беше вистински пример на земја која знаеше  на мирен начин да ја  раздружи од Југославија . Тоа беше заслуга пред се на претседателот Киро Глигоров со кого многу добро се познававме . Тој не дозволи вашата држава  да биде дел од балканската трагедија .  Процесот на осамостојуавњето  помина  без ниту еден искпукан куршум ,  а тоа беше заслуга пред се’ на државничка и умна политика на  вашиот прв Претседател.  Би било хазардерски ако сето она што е  создадено во изминатите 25  години, сега да го прокоцкате.  Што се однесува на актуелната ккриза со која се соочувате ,  ќе мора да ја решаваат сите граѓани на Македонија. Тие  треба да просудат кои се бори за демократизација  и просперитет на земјата .  бдиете сигурни  дека организираниот криминал и големата стапка на корупција секогаш е поврзана со високите  политички елити .   Невозможно е да има организирана  криминал без  вклученост на  највлиајтелните  политики структури  и на луѓето кои ги контролираат клучните сектори  безбедност, полиција, судство.  Тоа се однесува  не само за Македонија, туку и за Србија,  Црна Гора, Хрватска , Косово, Бугарија..   

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите