29 Април, 2024
0.0340

ИНТЕРВЈУ, ТРПЕСКИ: Реформска влада за радикални промени во јавните финансии!

Објавено во: Економија 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Реформи во економијата, судството, образованието, социјалниот и даночниот систем. Идната влада мора да покаже голем стeпен на реформски ангажман за да се испорачаат позитивни резултати – вели во интервју за “Фактор“ универзитетскиот професор Предраг Трпески. Еден од политичките приоритети треба да бидат евроатланските интергации, смета професорот. 

Не само нова, туку потребна е и реформска Влада... 

Фактор: Дали не само нова, туку е потребна и реформска Влада ? Изминативе денове се коментира дека на Македонија и потребно лидерство што ќе донесе промени. 

Трпески: Точно е дека на Македонија не и е потребна само нова, туку реформска Влада бидејќи механизмите кои обезбедуваат економски и севкупен општествен напредок се во дефект. Практично, поранешната Влада (денес имаме техничка) не остави простор за било каков континуитет што би го продолжила новата влада. Затоа новата Влада ќе мора да го носи епитетот „реформска“, бидејќи ќе мoра да воспостави нови, здрави основи на економскиот систем, на образованието, здравството, јавната администрација, правосудството, демократијата и т.н.

Фактор: Што треба да биде приоритет на политичката агенда ? 

Трпески: Многу честите измени во законите кои ја регулираат економската сфера, партизираното судство и јавна администрација, преголемото мешање на државата во приватниот сектор е предизвик за реформи од големи размери. Секако дека приоритет на политичката агенда ќе бидат економските прашања и зачувување на социјалната стабилност, но лошата состојбата во која се наоѓаат македонското образование, здравство, судство, јавна администрација и т.н. е предизвик сама по себе. Со оглед на фактот што сега, во Република Македонија, има институционална неефикасност, новата Влада не ќе може од „технички аспект“ само да ги ресетира институциите, туку ќе треба да направи значителни квалитативни подобрувања. Всушност, промените кои новата влада треба да ги направи за да овозможи функционалност на целокупниот систем на Република Македонија ќе бидат многу комплексни, па оттука неизбежно е истите да се оквалификуваат како реформски.

Кревка економија, внимателно менаџирање со кредитите .. 

Фактор: На агендата има бројни отворени прашања и на политички и на економски план. Македонија испорачува позитивни стапки на раст, но и натаму горлив проблем е да се обезбеди одржлив равој.  Што треба да биде приоритет на  економската агенда ? 

Трпески: Новата, реформска Влада ќе има повеќе приоритети, но како највисок приоритет, на краток рок, сметам дека ќе биде одржување на социјалната стабилност во земјата, а тоа е тесно поврзано со јавните финансии. Според информациите со кои денес располагаме состојбата со јавните финансии во земјата е лоша. Проблемите со наплатата на даноците веќе е евидентна, а тоа се должи пред се на намалената економска активност. Суфицитот од преку една милијарди денари во буџетот на Републиката укажува на фактот дека Владата на РМ има доста обврски кои треба да ги исплати. Но, ваквиот суфицит нема да може да ги покрие кумулираните земјоделски субвенции од преку 90 милиони евра плус обврските кон приватниот сектор за кои немаме баш доволно информации. Јавниот долг се приближува (можеби е и повисок) кон Мастришкиот критериум од 60% од БДП што ја намалува можноста за нови задолжувања, а и ако истите би се случиле, се разбира дека ќе бидат поскапи. Оттука, на економски план, радикалните промени во јавните финансии, мислам дека ќе бидат приоритет на новата Влада. 

Фактор: Во изминатиот период една од клучните препораки на меѓународната заедница е враќањето на земјата на патот кон евроатланските интеграции. Македонија сеуште е во чекалната, пред вратите на ЕУ, но кризата доплнително ја зголеми евроатланската ориентација на Македонија. ЕУ и НАТО – како приоритет? 

Трпески: Според сите оцени кои ги дава меѓународната заедница, но и домашната релевантна јавност, очевидно е дека Република Македонија застрани од патот кон  Европската Унија и НАТО, како основни стратешки приоритети, па затоа мислам дека зборот „враќање“ е вистинскиот терминот со кој би се опишала позицијата на земјата. Враќањето на патот кон ЕУ и НАТО ќе зависи исклучиво од капацитетите на новата Влада повторно да ги воспостави принципите на кои се базира Уставот на државата, како и основните вредности на кои се заснова Европската Унија. Впрочем, новата Влада треба многу посериозно да се зафати со имплементирање на препораките од извештаите на Европската комисија. Лично сметам дека препораките не беа на листата приоритети на претходната Влада. 

Фактор: Ќе биде ли тешко заздравувањето на вкупниот општествен систем – од што ќе зависи тој процес? 

Трпески: Од новата Влада не треба да се очекува да направи чуда, бидејќи ревитализација на вкупниот општествен систем ќе трае долго. Она што во Република Македонија се случуваше во изминатиот период во сферата на економијата, образованието, здравството, јавната администрација, правосудството, социјалата, земјоделството и т.н. ќе има долгорочни последици. Опоравувањето на сите овие сфери исклучиво ќе зависи од капацитетите на новата Влада да се справи со проблемите кои ќе ги наследи, но и способноста да ја искористи подршката што во овој момент ја има од страна на меѓународната заедница, пред се мислам да Европската Унија и САД.  

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка